ПроКредит Банка со голема инвестиција во мрежа на полначи за електрични возила

Соочени со предизвиците кои ни ги носи глобалното затоплување, но и екстремно високото загадување во градовите во кои живееме, крајно време е реториката да се замени со конкретни акции. Само во град Скопје, 20% од аеро загадувањето на воздухот е поради стариот возен парк. Токму затоa, како еколошки свесна институција, ПроKредит Банка  го промени својот возен парк каде електричните возила имаат учество од 80%..

Со цел поттик на населението кон транзиција во еколошки, електрични возила, ПроКредит банка инвестира во инфраструктура со поставување на електрични полначи низ целата земја.

ПроKредит Банка Македонија од јануари 2022 постави мрежа на 21 електрични станици за полнење на електрични автомобили низ целата територија на земјата, покривајќи ги сите фреквентни патишта. Поучени од искуството на западноевропските земји, еден од главните предизвици на енергетската транзиција е токму мрежата на станици за полнење. Со вака поставената мрежа очекуваме дека ќе се олесни и забрза транзицијата кон електрична мобилност во нашата земја.

Предноста на користење на електричните возила во нашата земја е значајно намалување на емисијата на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, повеќекратно намалување на трошоците за транспорт и намалување на бучавата во градовите.Новите „е-станици” на ПроКредит Банка ќе бидат достапни бесплатно за сите во нашата земја oд февруари 2022 година.

Мрежата на е-станици не завршува во Северна Македонија. Приближно 300 е-станици се поставени како густа мрежа од банките на ПроКредит Групацијата во сите источноевропски земји каде што функционираме: Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Грузија, како и во Солун, Грција.

Доколку планирате патување во земјата или пошироко на Балканот, потребно е само да ја следите апликацијата ProCredit Electric Stations на Google Earth, која ќе ви ги прикаже сите локации за полнење на електрични возила во земјата и пошироко.

Со преземањето на овој чекор, сакаме да дадеме придонес во енергетската транзиција во земјите каде што успешно функционираме. Дополнително, клиентите кои први ќе аплицираат за кредит за нови е-автомобили (не вклучувајќи хибридни возила) ќе добијат бесплатно е-полнач за сопствена употреба, доколку има инсталирано фотоволтаична централа на кровот на објектот каде е поставен е-полнач.

ПР објава