Промена на тронот на најголемата онлајн трговија: Кој е Енди Џеси, новиот прв човек на Амазон?

Амазон е основана во 1994 година, а сега е во рацете на „човек од доверба“

Целиот свет остана во шок неодамна кога се појавија гласини, а и наскоро беше потврдено дека Џеф Безос ја напушта функцијата извршен директор на Амазон.

Безос им се обрати на своите работници по е-пошта и ги информираше за промената на позицијата извршен директор.

И очекувано многу брзо се појави прашањето - кој ќе го наследи.

Империјата што ја создаде уште во 1994 година, еден од најбогатите луѓе во светот, беше оставена да ја води Енди Џеси, човек кој и покрај добрите деловни понуди, реши да остане лојален на Амазон. До неодамна, Џеси водеше „cloud“ единица во рамките на Амазон и помагаше во лансирање на „Амазон веб-услуги“ во 2006 година.

Кој е новиот извршен директор на „Амазон“ погледнете во видеото:



Фото: Youtube/screenshoot