Против предвремена смрт: Нивното височенство- ОРЕВИТЕ

Долго време се сметаше дека луѓето кои сакаат да симнат килограм плус не треба да јадат ореви. Но, истражувањата покажаа дека оревите се богати со корисни масти, протеини, витамини и фитохемиски соединенија.Научниците сега сметаат дека оревите помагаат за слабеење и заштита од дебелина. Луѓето кои консумираат ореви биле помалку тешки од оние кои не јаделе ореви.
Покрај тоа, ризикот од дебелина кај обожавателите на ореви е помал од 5 проценти.Оревите, патем, имаат и други предности. Тие се корисни за меморија.И оревите и кикириките спасуваат од предвремена смрт.Истражувачите од Универзитетот во Мастрихт открија дека е доволно да се консумираат само 10 грама ореви или кикирики дневно, за да се намали ризикот од смрт поради рак, кардиоваскуларни болести и други широко распространети причини.
Но, внимавајте путерот од кикирики го нема овој ефект.