Проверете ги фиоките, кутиите и таванот! На старите телефони можете да заработите дури 11.500 евра
Во таваните и фиоките на многу домови сè уште стојат стари мобилни телефони, конзоли и уреди кои пред дваесетина години беа вистинско технолошко чудо.
Денес тие парчиња „ретро технологија“ можат да вредат повеќе отколку што мислиме.
Според британскиот портал Gumtree, продажбата на уреди од 1990-тите и раните 2000-ти може да донесе стотици, па и илјадници евра. Побарувачката расте, особено за легендарни модели како Nokia 3310, Motorola Razr, BlackBerry или првиот iPhone.
Основачот на Музејот на мобилни телефони во Британија, Бен Вуд, објаснува дека луѓето не ги купуваат за користење, туку од носталгија. Многу мрежи од првите генерации веќе не постојат, па телефоните станаа симбол на едно време.
Цената им расте како што стануваат поретки, а колекционерите ги бараат поради приказната и дизајнот.
Некои модели достигнуваат неверојатни цени:
-
Првиот iPhone (2007) – до 10.000 фунти, ако е во совршена состојба.
-
Vertu Signature – неколку илјади фунти.
-
BlackBerry Porsche Design – и до 1.500 фунти.
Сè што некогаш се сметало за застарено, денес е „винтиџ“. Старите телефони се потсетник колку брзо напредува технологијата – и колку спомени може да собере еден мал уред со тастатура Т9.
Затоа, пред да ја фрлите старата Nokia или Sony Ericsson, проверете ја вредноста – можеби чувате мало богатство.
Извор/Pexels