Прстените се во тренд: Еве како да ги комбинирате

Имаат некоја мистика во себе, а идеални се како машки моден додаток

Може ли да се носат повеќе прстени одеднаш? Одговорот е потврден. Ги носат љубителите на уличните стилови во сите варијанти: круг, во форма на знак, спирала и појас. Покрај тоа, тие постигнуваат разновидност во метални легури, бидејќи денес не е неопходно да ги обвиткате рацете со злато. Не занемарувајте накит изработен од челик, титаниум, керамика, па дури и волфрам.

Не треба да го ставите целиот ваш убав накит на рацете, затоа што ризикувате да бидете како цигански барон. Ако сте убедени дека (или други ви кажале) имате убави зглобови, тогаш време е да започнете да привлекувате повеќе внимание и со нив, носејќи некоја кожена алка. Ви ги прикажеме хероите на уличениот стил кои комбинираат прстени.