Прва јавна објава на новата директорка на Твитер: Јакаринова откри што ја инспирира

Новоименуваната извршна директорка на Твитер, Линда Јакарино, на Твитер објави дека е инспирирана од визијата на сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, да создаде посветла иднина и е возбудена поради предизвикот со кој се соочи за да помогне во трансформацијата на  платформата.

Тоа беше прва јавна објава на Јакаринова од четвртокот, кога Маск откри дека преговара за назначување „нов извршен директор“, пренесува Ројтерс.

Откако минатата година го купи Твитер за 44 милијарди долари, Маск беше извршен директор, а Јакаринова до неодамна беше директор за рекламирање во Комкаст Корп. NBC Universal.

Таа ќе го преземе управувањето со Твитер, кој се обидува да го промени трендот на намалување на приходите од реклами и зголемување на долговите, бидејќи огласувачите постепено се откажуваат откако Маск ја купи социјалната мрежа, а компанијата загуби речиси 80 отсто од својата работна сила.

Илон Маск кон крајот на минатата година објави дека бара кандидат за позицијата извршен директор на Твитер.

„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор веднаш штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата“, изјави тогаш Маск.


Фото: unsplash