Првата секс сцена во светот на филмот

Филм од 1933 година, Хеди Ламар нè запозна со нејзината сензуална сцена со кулминација

Можеби живееме во ера на 50 нијанси на сиво, но холивудските филмови не биле секогаш толку либерални кога станува збор за сцени со секс. Сепак, откако постојат подвижните слики, оттогаш има и режисери кои ги надминуваат границите на традиционалното и на дозволеното.

Сè до 1933 година, во светот на филмот немаловистинска секс сцена.


Всушност, вакво нешто за прв пат е снимено во филмот „Екстази“ од 1944 година, кој потекнува од Чешка, бидејќи американските филмаџии сè уште не ја достигнале таа фаза, а главната улога ја играше познатата актерка и пронаоѓач, Хеди Ламар.

Во една од нејзините први улоги, Ламар игра млада жена, која го остава својот постар, импотентен сопруг за врска полна со страст со заводлив инженер. Нивната љубов резултира во првата филмска секс сцена.


Иако оваа сцена всушност не претставува никаква голотија, за прв пат во историјата на филмот се појави секс сцената. Најпозната е сцената која е малку подолга, и во која Ламар оди гола да плива, што во тоа време било скандалозно. Значи, најпрогресивниот дел од оваа секс сцена, всушност, го претстави Ламар како кулминација. Имајќи ги предвид бројните борби на современите филмови со претставување на жени во позитивна сексуална смисла, мора да кажеме дека ова е неверојатен успех!


Видео: Rob King

Можеби ќе ве интересира:

Филмови кои беа забранети во поранешна Југославија (ВИДЕО)