Првата VUSE вејпинг зона се отвора во Скопје
Број 1 глобалниот вејпинг бренд[1] VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и извонредно, обезбедувајќи помалку штетна алтернатива од пушењето. Vuse е број 1 глобален вејпинг бренд, според уделот на пазарот и првиот глобален вејпинг бренд со јаглеродна неутралност[2]. Производите на Vuse се достапни на 33 пазари, со повеќе од 10 милиони потрошувачи ширум светот.
Овој производ е водечки вејпинг производ на БAT (Britsh American Tobacco) и истиот е резултат на години истражување, со научни студии кои ги потврдуваат едни од најзначајните предности на VUSE производите. Неодамна објавената студија[3]покажа дека VUSE е значително помалку штетен во споредба со традиционалните цигари, има подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето и испушта пониски нивоа на штетни материи кои се создаваат преку процесот на согорување на конвенционалните цигари.
„Со постојано унапредување на нашите производи, целиме да им обезбедиме на нашите потрошувачи различни алтернативни производи кои се докажано помалку штетни. Новите категории производи стануваат сè посериозни бидејќи возрасните пушачи се повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Оваа VUSE зона ќе им овозможи на возрасните пушачи кои бараат помалку штетна алтернатива да пробаат што е најдоброто за нив и дознаат повеќе за вејпинг производите“, изјави Саше Николовски, Директор на ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ.
[1] Врз основа на проценетото вредносно учество на Vuse во производи со намален ризик, во категоријата на е-цигари, измерено во малопродажба (т.е. вкупна вредност на категоријата на е-цигари во продажба на мало) во САД, Канада, Франција, Обединетото Кралство и Германија. Овие 5 пазари покриваат околу 70% од вкупниот NTO, од глобалниот пазар на е-цигари со затворен систем, пресметан во период Q4 2022 - Q1 2023.
[3] British American Tobacco - New clinical data on Vuse illustrates beneficial public health impact of Tobacco Harm Reduction (bat.com)