ПРВИОТ ВСЕЛЕНСКИ ХОТЕЛ: Погледнете! Посакуваме секој да го искуси ова

Погледнете го првиот вселенски хотел во светот во кој ќе одмараат богатите туристи од 2025 година

Американската вселенска компанија Orbital Assembly ги објави своите планови за луксузен вселенски хотел кој богатите туристи едвај го чекаат. Најавата ги откри нивните планови за создавање две вселенски станици за сместување на туристи.

Станицата Pioneer, која може да прими 28 луѓе, треба да биде оперативна до 2025 година, додека поголемата станица Војаџер, првично најавена за 2021 година со капацитет од 400 луѓе, треба да биде отворена во 2027 година.

Главниот оперативен директор на Orbital Assembly во интервју за CNN Travel изјави: „Целта отсекогаш била да им се овозможи на голем број луѓе да живеат, работат и напредуваат во вселената“.

Веб-страницата наведува дека Pioneer Station ќе биде првата населива платформа способна да обезбеди вештачка гравитација, отклучувајќи невидени можности за истражување, туризам и долгорочни вселенски летови.

Симулираната гравитација ќе понуди удобности како тоалети, тушеви и кревети кои работат слично на она на што сте навикнати на Земјата. Вселенскиот хотел ќе може да се пофали и со соба за рекреација.

Гледајќи го обемот и капацитетот на овој луксузен вселенски хотел, претпоставуваме дека, иако скапо, ова вселенско патување нема да биде резервирано само за милијардерите на нашата планета.

На сајтот се наведува и дека станицата „Војаџер“ ќе биде опремена со луксузни апартмани кои ќе можат да се изнајмуваат за една недела, еден месец или да се купат како викендица. Нашите луксузни вили се планирани на површина до 500 м2, ќе имаат опрема за готвење, до три бањи и сместување до 16 лица“, се наведува на веб-страницата.

Компанијата има за цел хотелот да не изгледа како стерилна лабораторија, туку како топол, примамлив „дом“. 

Г-дин Алаторе рече: „Хотелот во вселената нема да изгледа како да одите во фабрика или истражувачки објект. Наместо тоа, треба да се чувствувате како да сте во научно-фантастичен сон. Тоа е удобен простор каде што можете да се чувствувате како дома“.