Првите тренинзи ни беа во парк, но испишавме историја: Приказната за македонскиот рагби клуб
Македонија беше една од неколкуте земји во светот каде што немаше рагби клуб.
Сметам дека темелите се веќе поставени, услови има. Имаме голем потенцијал за раст, храбри и цврсти дечки кои дефинитивно можат да се носат и во интернационални рамки доколку се насочат во добар правец, раскажува Александар Смиљановски, еден од членовите на клубот.
Група британски и македонски вљубеници во рагбито лани испишаа историја кај нас кога го формираа клубот Skopje Wild Boars. Нивните амбиции се во наредните години да се формираат што повеќе клубови, па и формирање национален тим со кој би ја претставувале нашата земја на европските квалификациски натпреварувања. За нивниот ентузијазам да го актуелизираат овој спорт кој потекнува од Англија и кој досега беше непознат за пошироката македонска јавност, разговаравме со Александар Смиљановски, дипломиран маркетинг економист, роден и растен во Скопје.
- Професионалниот пат, случајно или намерно, ме донесе до Дигиталниот Маркетинг. За тоа да прерасне од работа во пасија, „виновна“ е компанијата во која работам и растам - Httpool. Вработен сум како менаџер за онлајн кампањи каде што сум одговорен за успешно спроведување на дигиталните рекламни кампањи и стратегии на нашите клиенти. Сѐ она што останува како слободно време сакам да го поминувам со фамилијата и пријателите и нормално на тренинзи со дечките од рагби клубот Skopje Wild Boars - раскажува Смиљановски.
Повеќе прочитајте тука.