Спорт // Спорт
ПСЖ доцна се разбуди, Баерн Минхен победи во Париз, Милан подобар од Тотенхем
Првите два осминафинални натпревари не донесоа голема ефикасност во Лигата на шампионите.
Две средби само два гола, ПСЖ-Баерн Минхен 0-1 и Милан-Тотенхем 1-0.
Во Париз, Баерн Минхен победи со голот на Коман во 53 минута а на асистенција на Алфонсо Дејвис.
Милан запиша победа против Тотенхем а клучен беше голот на Брахим Дијаз во 7 минута а за него ова е прв гол во Лигата на шампионите.