Пушка став: Стилот на Христијан Мицкоски
Игра на сигурна класика и очигледно не може да прави многу егзибиции со облекувањето.
Во политиката, модата игра посебна улога. Не е главна, не
е ниту споредна, ама може да создаде добра претстава за една личност. Да не
беше така, политичарите ќе одеа голи. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан
Мицкоски добро знае што му прилега! Научил дека според неговата висина и
конституција може се убаво да му стои со мала доза на суптилна инвентивност.
Тој по се изгледа не е од оние кои мавтаат со часовникот за да бидат видени. Тактичар и модно. Стилот му е еднообразен, но никако досаден. Не се кити со туѓи перја, не презема стилови кои не се соодветни за него, туку едноставно си оди на сигурна варијанта.
Елегантен таму кај што треба, спртски таму кај што треба, класичен таму кај што тоа и се бара. Не претерува, умерен е.
Кога Христијан носи костим е исправен ко пушка. Тоа дури и влева некоја стравопочит, но треба да внимава со гестикулациите. Обично носи такви во темна боја, надополнети со соодветна вратоврска која не боде очи. Палтата му се струкирани кои дополнително ја истакнуваат фигурата. Со добри очила и костумот е добар.
Кога носи фармерки и блуза гледа таа да не е нападна и со шари, туку едноставна и практична. Знае каде да се појави вака облечен. Обично меѓу народот се облекува така. Но не е спортски тип во стилот. Повеќе влече кон вечната класика.
На планина, бидејќи сака да се искачува си има и соодветна облека и опрема. Не е тоа кој знае што, ама Мицкоски гледа да му е пред се пријатно, а не планината да се воодушеви од него.
Кај него фали боја. Иако ја преферира сината, сепак треба да разигра со темно- виолетова или нежно бежова. Можеби и некој моден детал би му бил добредојден. Поради тоа што има долги нозе, интересно би било да носи чорапи со смирени, ама впечатливи дезени. И секако, добри чевли. Со нив завршил половина работа во изгледот.
Небојша Толески