Работа од дома или како повеќе не ни се потребни старите навики за од канцеларија да се “префрлиме” во аголот од дневната соба
Веќе станува нормална пракса многу македонски компании од практичен аспект да се одлучуваат за полиберални правила за начинот на работата и даваат поголема слобода за изборот на локацијата на своите вработени за извршување на обврските. Сепак најважната цел за секоја компанија е работата да биде завршена.
Како што нашата земја се соочува со епидемијата од коронавирусот, многу работодавци им овозможија на своите вработени, со брз интернет, современа технологија – паметни телефони, компјутери или таблети да го претворат својот дом во свое работно место.Така што бројот на лица кои работат од дома во последните недели дефинитивно се зголеми и стана значително поголем.
Дигиталните номади одамна се навикнати на таков животен стил, меѓутоа, што е со овие кои прв пат се среќаваат со овој предизвик? Еве неколку совети како и со работа од дома да бидете продуктивни, ефикасни и релаксирани, колку што е можно повеќе.
1. Обидете се да го организирате својот ритам и околината што е можно поприближно до канцелариските услови. Отстранете сè што може да ви го одземe вниманието. Знаеме дека моментално сè е поинтересно од извештаите кои треба да ги испратите, но во текот на работните часови откажете се од гледање телевизија, миење садови или бришење прашина.
2. Поставете приоритети – на тој начин ќе бидете попродуктивни и, во крајна линија, ќе заштедите време. Многубројните истражувања покажуваат дека ефiкасноста на работата се намалува кога се работат повеќе работи одеднаш.
3. Иако работата во кревет може да делува како одлична опција, препорачливо е да се избегнува.Читање или одговарање на мејлови, или пишување некој текст додека лежите во кревет доведува до тоа да работите со бавно темпо, а може да биде и многу лесно за да заспиете. Лежечката положба му испраќа сигнал на мозокот дека е време за опуштање и дека нема потреба од висока концентрација и будност.Остатокот од организмот ги прати тие сигнали, поради кои станува многу тешко да се остане фокусиран и продуктивен.
4. Одберете кој дел од вашиот дом ќе биде ваша „канцеларија“ во текот на работното времеи таму вршете ја целосно работата.Ваше е да одберете дали тоа ќе биде масата на терасата, трпезаријата или работната маса – она што е важно е да ви биде удобно и да имате целосен мир во кој ќе можете на најдобар начин да ги вршите работните задачи.
5. Кога секојдневно користите интернет, праќате десеттина мејлови и пристапувате до многу веб-страници за да добиете информации, безбедноста на вашите уреди и податоците што ги чувате во нив, може да бидат загрозени. Затоа е важно да го обезбедите уредот со софтвер за безбедносно решение,како што е Samsung Knox – платформата која нуди заштита на повеќе нивоа. Од моментот кога е вклучен уредот, Knox постојано е во служба за заштита на идентитетот, како и личните и службените податоци кои се чуваат на него. Knox обезбедува двојна заштита – од самата композиција на чипот во уредот, па сè до инсталираните програми и оперативниот систем.Второто ниво на заштита е апликацијата Secure Folder во која може да се чува сè што вие сакате, само за вашите очи и само вие како корисник имате пристап до „вашата скриена кутија“.
6. Не заборавајте на физичката активност! Како што е препорачливо во текот на работното време да станете и да прошетате од време на време во канцеларијата, истото важи и за работата од дома.Направете пауза, оптегнете ги нозете, направете кратки вежби или добро истегнете се.Ова е особено важно со оглед на фактот дека столчињата што ги користиме дома не се дизајнирани за целодневна работа.
7. Дополнителен предизвик кога работите од дома е соодветната организација на оброците.Планиравте да направите кратка пауза во текот на работното време за да подготвите нешто за ручек, но потоа излезе првото, па второто итно барање, а потоа и молба за помош од колега и останавте повторно гладни... Ова е можно решение – навечер подгответе ја храната за утре! Од една страна, ќе бидете сигурни дека ниту вашата работа, ниту стомакот нема да ви страдат. Од друга страна, ќе се забавувате и ќе ја пуштите вашата фантазија со комбинирање на вашите омилени вкусови и состојки.
И на крај, не плашете се од работа од дома. Помислете на ова дека е период во кој ќе можете да поминете подолго време со семејството и вашето домашно милениче. Впрочем, никогаш не било полесно по работа да го пуштите вашиот омилен филм или серија и да уживате во заслужениот одмор!