Рај за очи и душа: Најимпресивните природни феномени

Најимпресивните природни феномени од плажи, се оние кои се заедно се водопади. Златниот песок и тиркизните води се доволни за да потонете во убавината. Море, сонце, песок, лежалки, со еден збор одмор за душа и тело. Меѓутоа, сепак неколку плажи во светот ја имаат честа да ја носат титулата „најубави“. Убавината на овие неколку плажи се крие во природната убавина која ја имаат, но често пати и кино продукциските куќи и филовите знаат да бидат одлична реклама за плажите.

Пи Пи Острови во Тајланд

Пи Пи Островите се група на острови во Тајланд, сместени меѓу островот Пукет и Малачкиот Проток. Групата има вкупно шест острови од кои поголемите и главни се Пи Пи Дон, единствениот со постојано население, и Пи Пи Ле. Она по што се познати островите е филмот „Плажата“ (The Beach) од 2000 година во кој главната улога ја игра Леонардо ди Каприо. Повеќето сцени од филмот биле снимени на заливот Маја. Кога станува збор за транспорт до Пи Пи, на архипелагот нема аеродром, па единствениот начин е да пристигнете со брод. Исто така, има само мал број возила на островот, па главно се пешачи или се користат велосипеди или мотоцикли.

Тенерифе, Канарски острови

Најголемиот од шпанските Канарски острови, Тенерифе има многу лица.Југозападниот брег е полн со хотели, трговски центри, апартмани, клубови и ресторани. На северот има рибарски места, бавчи, лозја, плантажи со банани и „тајни“ плажи.Тука е и Теиде националниот парк со убава шума и највисоката планина во Шпанија. Ако ги додадеме на сето ова делфините, китовите, синилото, Тенерифе има сè. Овој остров секоја година има по неколку милиони туристи, а Британците долго време го сметаа дека е место за журки. 

Боракај, Филипини

Боракај е мал остров во Филипните кој се наоѓа на само 300 километри јужно од главниот град Манила. Островот е еден од најпосетуваните дестинации на Филипините и е познат меѓу туристите со свите прекрасните плажи. За разлика од Тенерифе, песокот на Боракај е снежно бел. Несомнено, островот има некои од најубавите плажи во светот. И нема друго место - светло сината, тиркизна вода речиси целосно се преклопува со белиот песок.

Рајот на сурферите, Австралија


Рајот за Сурферите се наоѓа на источниот брег на Австралија, во градот Голд Коуст. Плажата е позната меѓу сурферите и нивните омилени дестинации за сурфање. Општо земено, Австралија е меѓу најпопуларните места за сурфање и оваа плажа е еден од многуте, но сепак се одделува од останатите  Плажата е лесно препознатлива, бидејќи облакодерите се издигнуваат до брегот. Рајот на сурфери е главната туристичка атракција во градот и носител на престижни награди. Таа е рангирана меѓу најубавите плажи во светот на Travel Channel.

Можеби ќе ве интересира и 

Може да ве убие за еден час: Најопасното и едно од најубавите езера на светот