Расонуваат наутро повеќе од кафето: Кои се тие супер намирници?
Повеќето луѓе наутро кога ќе се разбудат најпрво посегнуваат по шолја кафе бидејќи им дава енергија. Меѓутоа, кафето не е единствен производ кој има способност да ве снабди со потребната енергија наутро.
Овесна каша со мед и сезонски јагоди
Овесната каша е одличен појадок и дава енергија за цел ден. Таа содржи влакна и сложени јаглехидрати, што допринесува за ефикасно будење и виталност. Наместо овошје можете да јадете овесна каша со цимет.
Јаболкo
Во јоболката се наоѓаат многу витамини и минерали, а процесот на јадење на јаболкото без сомневање ќе ве расони. Само не јадете јаболко на празен стомак, бидејќи може да ви предизвика огромен апетит. Најдобро е да го комбинирате со овесна каша или да направите оошна салата со прелив од јогурт.
Јајца
Пржените јајца се сметаат за најдобар појадок. Тие содржат корисни протеини, кои ни даваат енергија во текот на денот.
Црно чоколадо
15 грама темно чоколадо наутро совршено ќе ви помогне да се разведрите и да ги разбудите своите ментални способности. Од темното чоколадо, сите ваши функции се активираат и ќе бидете весели и полни со елан.
Ореви
Во текот на еден ден, можете да си дозволите до 15 ореви. Тие се богати со протеини, корисни масти, витамини и минерали, а покрај тоа содржат есенцијални аминокиселини потребни за работа на мозокот и имунолошкиот систем. Оревите не ги јадете на празен стомак, но со нив можете да направите и фил за палачинки, да ги ставите во омилената каша или напиток.