Раста денеска оди на операција: Објави слика од носилка и напиша емотивна порака: „Човек сфаќа кого има...“
– На оние безобразните и без разбирање им посакувам истото што ми се случи и не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап, бидејќи тоа не е моја публика – е дел од пораката на раперот
Стефан Ѓуриќ Раста денеска, 25-ти април, ќе биде опериран во Белград.
Како што дознаваме, советот на лекари по направените прегледи одлучил дека операцијата е неопходна за да се реши проблемот што го има раперот.
Се работи за проблем со 'рбетот, а пред два дена Раста отишол на лекар поради неподносливи болки.
- Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош. За жал, понекогаш само во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе, а јас ги имам најубавите луѓе досега и ви благодарам за тоа - изјави Раста со фотографија на носилка во амбулантата.
- Се надевам на брзо закрепнување и дружење на досега предвидените места, а истото што ми се случи им го посакувам и на оние кои се безобразни и без разбирање, а не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап,бидејќи тоа не е моја публика. На сите други - Раста ве сака - заклучи тој.
Извор: Telegraf.rs