Размислете добро пред да порачате пијалак во ресторани и кафулиња: Келнерите никогаш не би ги порачале овие пијачки

Доколку сакате да го зачувате вашето здравје, обрнете внимание на овие совети

Една од поновите поговорки вели дека не треба да се расправате со лекари, полицајци и келнери, бидејќи секогаш ќе го добиете „потешкиот крај“ во тој конфликт.
А особено келнерите, можат да ви го расипат состанокот во пријатно друштво.

Новинарот на порталот „Опанак“ разговарал со келнерите и дошол до вредни совети - што не треба да нарачате во угостителските објекти.

Млечни шејкови: Љубител сте на овие видови коктели, но келнерите тврдат дека користат млеко со изминат рок.

Точено пиво: подобра опција е секако флашираното пиво, иако е малку поскапо. Имено, чешмите многу често се полни со бактерии и ретко се чистат. Доколку сакате да знаете каква е хигиената на чешмите за пиво, погледнете ја хигиената во тоалетите, препорачуваат келнерите.

Мохито: Дали ви се допаѓа овој коктел? Па, ќе мора да ве растажиме, за тоа најмногу се користи суво нане и скапани лимети.

Сè што е замрзнато: Никогаш не земајте мраз од кафулиња. Кажете им на келнерите да не ви го ставаат затоа што машините за мраз обично се валкани.


Извор:najzena