REHAU ги претстави прозорците на иднината: Поглед кон поубав, посигурен и одржлив свет

Koмпанијата REHAU и оваа година учествуваше на еден од најголемите саеми во индустријата за прозорци и врати, Fensterbau Frontale 2024 во Нирнберг, Германија, на кој ги претстави своите иновативни решенија и пречека повеќе од 400 партнери и купувачи од целиот регион. Под слоганотAll in One Partner, REHAU го претстави своето проширено портфолио, кое носи конкретни решенија, мерлива додадена вредност и одржливост за сите партнери.

Дивизијата за прозорски решенија, ги прикажа прозорците на иднината, кои се потполно одржливи, чие производство се одвива со дури 90% помала емисија на CO2.

Бројните иновативни решенија, кои беа прикажани на овој саем, прикажуваат, како дивизијата за прозорски решенија на REHAU ја развива и поттикнува својата ефикасност, го унапредува дизајнот и најважно постојано ја подобрува својата одржливост, на полето на истражување и развој, продажба, производство, сервис и маркетинг.Без оглед на тоа дали се работи за решенија на профили за прозорци, додатоци на системите, дигитални услуги или паметни производи, сето тоа настанува преку интензивна и директна комуникација со пазарот, партнерите и индустријата, со кои заеднички се гради поуспешна и поубава иднина на домувањето.

"Заедно со нашите партнери, соработници и купувачи, ги пронаѓаме и користиме можностите и на тој начин обeзбедуваме долгорочен успех за сите нас. Со системите, решенијата и услугите на REHAU,  заедно ги инспирираме купувачите и партнерите и денес и утре. Како значаен партнер во индустријата во која делуваме, обезбедуваме конкретни одговори за глобаните мегатрендови и нудиме ефикасни решенија за предизвиците од недостаток на работна сила, смислени иновации, рециклирање и кружна економија.Со симбиозата на сето ова, на нашиот импресивен саемски штанд, кој по одржувањето на „World od Windows“ 2022 и лансирањето на ARTEVO во 2023, беше следниот иновативен центар за комуникација на конкурентни и трендсетерски решенија за нашите партнери, бидејќи сме All in One Partner",рече Сашко Даев, директор на REHAUпродажно биро Скопје, и раководител на продажба за дивизијата за прозорски решенија за Македонија, Косово и Албанија.

RAU-INFINIO: Стаклени влакна кои ги менуваат правилата на игра

За професионалците за прозорци кои имаат визија, клучен фактор за успех е компанија, која во своето делување се грижи за целиот ланец на вредности, бидејќи на тој начин се постигнува стабилност и сигурност. Затоа, холистичкиот пристап на REHAU,се заснова на иновативна сила и сестраност, најдобар пример за тоа е новата технологија за производство на прозорски профили, од долги стаклени влакна, RAU-INFINIO.

Со користењето на долги стаклени влакна во термопластична матрица, професионалците од дивизијата за прозорски решенија во REHAU,создадоа прозорски профили со исклучителни механички својства. Новиот материјал отвара и потполно нови можности за прозорските системи и решенија, a RAU-INFINIO обезбедува уште поголеми димензии на прозорските елементи, стабилност, изолација, можности за примена, обработка, дизајн, сигурност и одржливост.

ARTEVO TERRA: Био иновација за подобро утре

Дивизијата за прозорски решенија на REHAU, е меѓу првите во светот, која употреби и прилагоди биополимер за изработка на прозорци, како уште еден во низата на одржливи материјали, кој ќе допринесе за потполно затворена кружна економија.

ARTEVO TERRA e стратешки подвиг и исчекорвооднос на конкуренцијата за 2024, a се заснова на прозорскиот систем ARTEVO, кој беше претставен минатата година. Инженерите и стручњаците во REHAU, со овој прозорски систем иницираат масовно користење на био PVC, како единствен и одржлив материјал во индустријата за прозорци. Со био PVC-то, ARTEVO TERRA заштедува до 90%емисија на CO2 во споредба со користењето на вообичаеното PVCи речиси во целост е направен од рециклиран материјал и дизајниран да биде одржлив во текот на целиот свој работен век.

Исклучителна карактеристика на ARTEVO TERRA е неговата врвна термоизолација и фактот дека не му е потребно челично засилување дури до 2,4 метри висина на рамка.

SLINOVA X: Нов стандрад на прозорци за професионална употреба

Единствен дизајн, ефикасно производство и монтажа, вклопени во концептот за одржливост – тоа е SLINOVA X – иновативно решение за лизгачки елементи, кое се заснова на висококвалитетниот материјал RAU-FIPRO X. Благодарение на посебните својства на RAU-FIPRO X, SLINOVA X го нуди најтенкиот средишен дел од било кога, кај системите за лизгачки елементи, базирани на PVC. Oвој пристап отвара нови дименизии за професионална употреба, и ги инспирира архитектите и инвеститорите, својата замисла да ја претворат во реалност. SLINOVA X ја има истата платформа за крило со SLINOVA, а друга варијанта на платформа за хоризонтални лизгачки елементи. Oва дава дополнителна предност: значајно поедноставување од логистички и производствен аспект, благодарение на можноста да се користат идентични делови.

SLINOVA X овожможува флексибилен дизајн на профилот, систем кој е изграден од 69%рециклиран материјал, прилагоден за употреба во скоро сите земји во светот, благодарение на карактеристиките на прилагодливост на просторијата во која ќе се вгради, а централниот дел е широк само 32 милиметри!

На саемот Fensterbau Frontale 2024 во Нирнберг, REHAU претстави и низа на нови решеија во рамките на REHAU Connect, REHAU Window.ID и REHAU системот за планирање.

*пр-објава