Репрезентативецот Бојан Миовски: „Овие специјализирани копачки ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме“

И нашите фудбалери на свој начин им оддаваат почит на загинатите во страотниот пожар, сочуствуваат со семејствата и даваат безрезервна поддршка на повредените.

Бојан Миовски, дел од македонската репрезентација која денес го игра мечот со Велс, на теренот ќе излезе со патики кои имаат особено значење.

Еве што нашиша:

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување.

Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:
„Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто - моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. 
На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства.
Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“

View this post on Instagram

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)