Резервниот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин се ожени ... во тренерки!

Вториот голман на Реал Мадрид се венча со Анастасија Тамазова

Вториот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин склучи граѓански брак со својата девојка Анастасија Тамазова.

Украинскиот стопер не ги има најдобрите сезони во спортска смисла, само еднаш играше, во поразот на Копа дел Реј од Алкојано.

Како и да е, надвор од теренот, 2021 година ќе биде година што никогаш нема да ја заборави. 

Имено, голманот на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неговиот граѓански брак. На фотката може да се види дека двојката склучила граѓански брак облечени во тренерки, неговата поубава половина во бели, а тој во светло сини тренерки.

И двајцата на нозете носат бели патики. 

„Многу посебен и важен ден во нашиот живот. Те сакам“, напиша Лунин под објавата.



Фото: Инстгарам/