Здравје // Совети
РЕЗУЛТАТИ ЗА 15 минути: Брз тест за коронавирус наскоро на пазарот
Фармацевтската компанија Рош од
Швајцарија објави дека до крајот на овој месец на пазарот ќе пушти брз тест за откривање на коронавирус, тест
што ќе дава резултати за 15 минути.
Тој тест за антигените на вирусот
САРС-КоВ-2 што ја предизвика пандемијата Ковид-19 ќе биде достапен во земјите
што ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжително за производите што влегуваат
на пазарот на Европската унија.
- 40 милиони брзи тестови за
САРС-CoV-2 ќе бидат достапни секој месец. Тој капацитет
ќе се зголеми повеќе од двојно до крајот на годината, со цел да се одговори на
побарувачката за здравствени системи ширум светот - објави компанијата ОВЕ.