Спорт // Спорт
РФМ: Данило Брестовац повеќе не е селектор
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека повеќе нема да соработува со Данило Брестовац, селекторот на машката ракометна репрезентација.
„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, соопшти РФМ.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.
Ракометната репрезентација Светското првенство во Египет го заврши на претпоследното 23-то место.