Роберт Проснечки избегна голема трагедија: Фалело само секунда за авионот да се сруши
Патот за квалификациите за Европското првенство во фудбал ќе го паметат репрезентативците на Босна и Херцеговина, како и нивниот селектор Роберт Просинечки. Имено, летот од сараевскиот аеродром се претворил во сериозна драма. По два часа во воздух некаде над Истанбул, авионот нагло свртел кон лево, а тоа создало паника во кабината, пишува Дневни аваз кој додава: Играчите и навивачите, кои дотогаш стоеле, веднаш почнале да седнуваат на своите места.
Во авионот бил и еден искусен пилот, кој не бил на служба и ја опиша случката, а истата не е нималку пријатна.
„Секунда, односно еден чекор недостасуваше за авионот да се сруши. Тоа одговорно го тврдам, бидејќи имам повеќе од 600 часа летано како пилот. За овој инцидент ќе ја известам Агенцијата за цивилно воздухопловство на Босна и Херцеговина. Никој не може да си игра со човечките животи. Едноставно, не се дозволени никакви нагли свртувања.“ - истакнува пилотот.
За среќа, на крајот се завршило во најдобар ред за легендарниот Просинечки и неговите играчи.