Ролекс меѓу четките за заби: Антибактериско средбо, бакар и слој на 24-каратно злато
Фото: Luxury Lanches
Колку далеку би отишле за да бидете сигурни дека имате
одлична хигиена на забите?
Дали би купиле скапа електрична четка за заби, паста за заби препорачана од вашиот стоматолог и редовни прегледи? Па, ако сакате да направите повеќе од тоа, ви предлагаме да ја истражите четката за заби Eternal 925, што е рачно изработена во Фиренца, користејќи природно антибактериско сребро, чист бакар и украсено со обемен слој од 24-каратно злато.
Создадена да трае вечно, луксузната четка за заби е обмислена комбинација на скапоцени материјали со природни олигодинамички квалитети. Секоја четка и нејзината обвивка беа создадени како рачно дело на Алесандро Тинаки и Масимилијано Бенвеноути, а тие претставуваат квалитет што не е виден порано.
Четките исто така доаѓаат со мермерни подлоги во кои можат да стојат кога не се користат, како и кутија која е рачно изработена од Миммо, сопственикот на компанијата Скатоларте од Фиренца. Само 30 нумерирани четки од секој материјал ќе бидат произведени во првиот круг, а нивните цени почнуваат од 1.150 долари.