Роналдо и Георгина Родригез ги изненадија фановите: Избегаа на краток одмор, фудбалерот никогаш не сте го виделе ваков (ВИДЕО)
Како една од најголемите спортски ѕвезди во светот, Кристијано Роналдо привлекува внимание каде и да се појави
Во тандем со својата долгогодишна партнерка, инфлуенсерката Георгина Родригез, Роналдо и на 39 години продолжува да ги воодушевува фудбалските фанови ширум светот со својата физичка подготвеност.
Фудбалерот на Инстаграм објави фотографија од сауна со Георгина и накратко напиша: „Среќа“. Тие не ја тргаа насмевката од нивните лица, а ги покажаа и извајаните тела.
Георгина неодамна се огласи на Инстаграм за да ја открие живописната локација на која избегале на неколку дена.
На видеото што го објави се гледа како таа излегува од водата во прегратка со Роналдо, со кого се запозна во 2016 година додека Португалецот играше за Реал Мадрид.
Брачниот пар се држи за рака додека шета на плажа во Саудиска Арабија.
Cristiano Ronaldo and Georgina Rodríguez enjoying their holidays. pic.twitter.com/ZFRm2vO1mV
— GC (@GettyCristiano) April 21, 2024