Руската вакцина напредува сè повеќе: Завршена втората фаза од тестирањето


Сибирскиот институт за вирусологија вектор заврши тестови на луѓе во рана фаза, позната како фаза II, на друга потенцијална руска вакцина против Ковид-19, објави државната агенција за заштита на потрошувачите, а пренесува Интерфакс.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот„Спутник V“, објави тогаш Ројтерс.

Во соопштението на надзорната служба се наведува дека последната група од 20 волонтери од болницата била ослободена денес.  Сите 100 волонтери биле вакцинирани со две дози и завршиле 23-дневен период на следење во болницата. Волонтерите се чувствувале добро.


Извор: telegraf.rs