Руски експерт: За имунитет само чорапи

Овој трик помага кога веќе имате вирус или настинка. Тој е потполно едноставен и бесплатен, а го препорачува добро познат руски експерт за кинезитерапија.

Пристигнаа студени денови и доаѓаат болести. Секој има свој начин на справување со вируси, без оглед дали користи природен пијалок или додаток од аптека. Но, постои еден трик за подобрување на одбраната на вашето тело без да пиете ништо - доволно е само да купите пар дебели чорапи од волна.

Познатиот руски експерт за кинезитерапија, професор Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен метод за зајакнување на имунитетот.

Ова е негова 24-часовна препорака: Истурете многу ладна вода, дури и мраз, во леѓен секој ден и потопете ги нозете во него 10-15 секунди. Потоа, избришете ги нозете со пешкир и ставете дебели чорапи од волна. Повторете го ова секоја вечер пред спиење.

Професорот додава дека ако веќе имате вирус, настинка или кашлате, тогаш треба почесто да го вежбате овој метод - на секои четири часа. Тој потенцира дека не постои страв дека вашето здравје ќе се влоши поради ледената вода, напротив – многу ќе се подобри.