Руско чудо: Развиваат нов снајпер со опсег од дури седум километри!
Рускиот произведувач на оружје „Лобаев армс“ развива најперска пушка DLX-5, за која тврди дека ќе може да погоди мета на оддалеченост од 7 километри.
Владислав Лобаев, генералниот директор на компанијата, за „Риа“ рече дека во моментов пушката со најдолг опсег „самрак“ е исто така нивен производ. Истата може да ги погодува метите на оддалеченост од 2,5 километри, додека максималниот опсег и е 4,2.
„Сега работиме на пушка со нов куршум кој ќе има опсег од 6 до 7 километри, а сигурно ќе може да погодува мети на три километри оддалеченост. DLX-5 е во семејството пушки заедно со DXL-4 и DXL-3. Моментално во светот не постои пушка со ваков опсег.“ - наведе Лобаев.
Според неговите зборови, пушката ќе добие нова муниција, која ќе биде значително технолошки понапредна од досегашните за да го овозможи гаѓањето на толкава оддалеченост.
Од претходните ќе се разликува со својата големина и голема почетна брзина.
Лобаев се надева дека ова чудо од пушка ќе биде подготвено на почетокот на следната година.
„Не можам да открива повеќе информации за калибарот и другите детали“ - додаде тој.