„Сè уште не би се омажила“: Овие наши познати дами никогаш не биле мажени и одлично им оди
Жените не мора да се мажат за да бидат „комплетни“, а тоа го докажуваат и овие познати дами кои отворено признаваат дека бракот не е за нив
Иако жените веќе го отворија патот за поголема независност, сè уште постои голема стигма околу свесниот избор да бидат слободни или немажени. Идејата дека жената не е „комплетна“ кога нема партнер или не е во брак, сè уште е присутна, но е многу застарена, а за среќа, постојат познати дами кои ѝ пркосат и на кои бракот не им значи ништо.
Наводно, најдолговечната жена во историјата еднаш рекла дека живеела толку долго токму затоа што била сингл, а бројни познати и успешни жени низ историјата докажале дека се самодоволни - од актерката Грета Гарбо, писателките Џејн Остин и Луиз Меј па се до легендарната Коко Шанел - сите решија да бидат сингл од различни причини.
И денес многу познати жени го следат примерот на овие успешни дами. Никогаш не биле во брак, но тоа не значи дека нема да бидат. Се е до перцепцијата, гледиштата, состојбите, размислувањата... Кои сме ние да судиме ако некој не сака да стапи во брак или едноставно чека побро време...
Подолу одбравме наши познати дами кои никогаш не се омажиле, некои имаат и деца- ама сигурни сме дека не жалат за ништо.
Марјана Станојковска
Една од најубавите жени кај нас никогаш до сега не била во брачна заедница. Таа има армија од обожаватели, изгледа беспрекорно, постојано е во фокусот на вниманието и има многу исполнета работна агенда. Засега, по она што го постира на Инстаграм, жииве убаво и знае да се носи со сето она што животот го задава.
Миланка Рашиќ
Неа ја нарекуваат „замрзнатата убавица“ затоа што изгледа како да не старее. Водителката нема ниту една естетска корекција. Преокупирана е со својата работа, ја има на многу настани, го обиколи светот и сеуште ја имаа таа страст за шетање.
Ноне Неделковска
„Џебната Венера“ ни е позната од шоуто „Икс фактор“ каде го освои второто место во многу силна конкуренција од целиот Балкан. Потоа издаде неколку свои хитови и замина да работи на брод (долг период). Често е активна на социјалните мрежи и се чуди како сеуште ѝ е интересна на јавноста, ама има нешто во неа што ја прави уникатна.
Сузана Спасовска
Фолк дивата живее во хармонја со својата ќерка. Никогаш не стапила во брак и не се кае за таа одлука. Сузе се посвети на изучување на кинескиот јазик, ги освои сите можни награди што може да се освојата, правеше големи турнеи низ светот, а нејзините песни ни се во трајно наследство. И одлично ѝ оди.
Васка Леонтиќ
Таа е пионерка во фризерајот кај нас. прва беше која донесе свежи модни трендови, посебни техники и адекватно фризерско образование. Васка има ќерка, никогаш не била во брак и целосно е посветена на најмилото и секако- својата работа, академија и салонот.
Фото. Инстаграм