Сакаа да го уништат девојчето за забава: Врсничкото насилство во Македонија запрепастува
Од основно, едно девојче кое го познавам, која сега ми е многу добра другарка, немаше многу другарки, не се дружеше со многу луѓе и имаше една група девојчиња кои едноставно за забава сакаа да ја уништат. Прво, првата година почнаа како пријателки демек ќе и прават друштво да не биде толку сама, на крај пред цело школо ја посрамотија, после тоа три недели не дојде во школо, има толку многу психолошки трауми од тоа, што оди на психијатар. Ова е дел од потресното сведоштво на ученичка во Македонија. Нејзината другарка на своја кожа почувствува што значи врсничко насилство. А тоа во Македонија го има доста. Бројките се вознемирувачки - 40 отсто од учениците пријавиле некаков вид насилство – вербално или физичко. Идентификувани се 23 групи врсничко насилство, и речиси секој втор ученик пријавил дека забележал една од нив.
Врсничкото насислтво е тема на четвртата епизода од серијалот документарни филмови на Балкон3 Дали Личиме на ЕУ? Оваа епизода е насловена Детство и учење без страв Филмовите се емитуваат на АЛСАТ М Телевизија секој вторник и петок. во 16:45 во рамки на емисијата „Попладне“.
Ана Попризова, психолог во средното училиште Орце Николов вели дека ние не сме држава што го санкционира насилството.
„Прашање е колку функционира правниот систем. И сето тоа на микро план се случува и во училиштата. Е сега, тоа е нешто на што сите треба да работиме за надминување на овие проблеми
Врсничкото насилство не се состои само од тешки физички инциденти. Тоа е секое подбутнување, мали удари, или навредување, омаловажување во групата, исклучување. Важна е целта – а таа е да се понижи другото дете, да му се предизвика чувство на инфериорност кон оној што го вознемирува, вели Попризова.
Инаку Финска ја има најдобрата училишна програма за спречување врсничко насилство во Европа.
Кристина Салмивали, авторка на програмата КиВа вели дека идејата е да се зајакне свеста меѓу учениците за феноменот на врсничко насилство, особено за нивната улога и за тоа што можат тие да направат за да спречат да се случува насилството.
„Сакаме, преку лекциите за учениците, да ги зајакнеме токму нив. Да покажат активно дека се против насилството и дека не сакаат тоа да се случува, вели Салмивали.
Погледнете ја целата епизода