Сакате да бидете згодни: Еве ви супер вежба
Згибовните се една од најпопуларните вежби и тоа со причина. Оваа вежба е многу едноставна, но и многу ефикасна. Со помош на згибовите ги оптеретувате вашите раце и голем дел од вашиот грб, па поради тоа билдерите и фитнес фанатиците постојано се навратуваат на оваа вежба.
Се што Ви е потребно е шипка која можете да ја најдете во теретана, парк или можете да ја вградите во вашиот дом.
Тренингот со помош на шипката е одличен начин да активирате голем број на мускули на вашето тело и брзо да зајакнете, па затоа Ви ги покажуваме најдобрите вежби кои можете да ги работите со помош на шипка.
Класични згибови
Нормално, на прво место се наоѓаат класичните згибови бидејќи тоа е основна вежба која се работи на шипка и која ќе ви помогне вашето тело брзо да го истренирате и зајакнете. Вежбата е едноставна и се што треба е да направите е да се подигнете со помош на вашите раце и грб.
Хоризонтално повлекување
Оваа вежба е одлична за почетници и ги оптеретува мускулите рацете, градите и грбот. Најдете пониска шипка и поставете се хоризонтално под неа, а потоа подигнете се на шипката а нозете придржувајте ги на земја. Повлечете со градите и ќе видите дека одлично ќе ви се активираат мускулите.
Подигнете ја ногата на шипката
Ова е најтешката вежба, но со сигурност можете да станете уште посилни и екстремно да ги зајакнете вашите мускули стомак и целото торзо. Оваа вежба исто така ќе ве направи да бидете поиздржливи.
Погледнете го видеото