Тренд // Стил
Само ЕДЕН часовник на Роналдо чини колку 20 СТАНОВИ во Скопје: Нема проблем да се расфрла со пари
- 06 Февруари, 2024
Знаеме дека целиот Кристијано Роналдо е гламур и дека вози скапи автомобили, живее во луксузни вили… Но, тој има на раката неколку милиони…
Имено, на една прес- конференција пред две години се појави со часовник украсен 424 со црвени и бели дијаманти, креација на Jacob&Co и Caviar Torubillon.
Цената на овој часовник, се проценува на неверојатни два милиони евра.
Интересно е тоа што неодамна повторно беше виден со овој часовник и разбирливо е дека му е омилен.
Ама не само тој! Фудбалската ѕвезда има колекција на скапи часовници и сите со вредност над милион долари. Има неколку Ролекси, Булгари, Шопард... Неговото богатство се проценува на милијарда долари па може да си дозволи многу луксузни нешта.