Само една рака дневно прави чудо за телото: Што сѐ лекуваат оревите?
Овој јаткаст плод има голем број придовки за организмот...
Оревите се полни со влакна, масти, минерали и витамини и тоа се само некои од нивните предности за организмот. Сето ова е докажано со многу истражувања.
Еве зошто оревите се сметаат за многу здрава храна:
1. Тие се богати со антиоксиданти
Поради антиоксидансите што ги содржат, оревите го намалуваат лошиот холестерол и ризикот од артериосклероза.
2. Ризикот од срцев удар ќе биде минимизиран
Оревите имаат повеќе омега - 3 масти од кој било друг јаткаст плод. Само една порција ореви ја задоволува дневната препорачана доза на омега - 3 масти, а познато е дека омега 3 драстично го намалува ризикот од срцев удар.
3. Тие ги намалуваат воспаленијата и стресот
Стресот е причина за многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест. Полифенолите во оревите помагаат во борбата против стресот, а исто така влијаат и на здравјето на мозокот. Оревите ја подобруваат меморијата и му овозможуваат на мозокот да работи добро подолго.
4. Тие му помагаат на дигестивниот систем да работи како часовник
Истражувањата покажаа дека здравјето на цревата ќе биде подобро ако во нив има добри бактерии, а оревите ги содржат во изобилство. Ако ги јадете редовно, нема да имате проблеми со варењето на храната.
5. Тие го намалуваат ризикот од рак
Ракот на простата, ракот на дојка и карциномот на дебелото црево немаат никакви шанси ако редовно јадете ореви. Студиите покажаа дека овој плод има способност да го запре растот на клетките, но исто така е и одлична превенција против овие видови на рак.
6. Одлични сојузници во слабеењето
Оревите се одличен извор на влакна. Иако имаат многу калории, тие ќе ве заситат побрзо од другите намирници и ќе ја спречат желбата за благо. Од таа причина, тие се препорачуваат за луѓе кои сакаат да изгубат тежина.
7. Тие го држат дијабетесот под контрола
Оревите се одлични за спречување на дијабетес тип 2. Тие го контролираат нивото на шеќер во крвта. Во еден експеримент кој ги проучувал лековитите својства на оревите и влијанието врз нивото на шеќер, учествувале 100 испитаници. Тие јаделе една порција ореви секој ден и по 3 месеци, повеќето имале пад на нивото на шеќер за 8 проценти.
8. Тие го намалуваат крвниот притисок
Високиот крвен притисок доведува до зголемена шанса за многу срцеви заболувања. Оревите можат значително да ги регулираат овие вредности.