Само наjдобриот е доволно добар: Пpафемот DANGER на Roja
Roja Parfums се едни од најквалитетни мириси во светот.
Врвниот британски парфемер Roja Dove е еден од најпознатите светски експерти за парфеми. Неговото искуство, страст и креативн талент се вткаени во секоја од неговите креации, резултат на основно верување дека „само најдобриот е доволно добар“.
Марката Roja Parfums е позната како најлуксузната куќа за мириси во светот. Roja Dove е познат по тоа што работи само со највисок квалитет и најскапи состојки, кои тој лично ги избира заради нивната вредност и уникатен мирис. Од легендарните мајски рози и јасмин од Грас до природен килибар (во вредност многу повеќе од чисто злато), преку рачно изработени кутии оболожени со вистинска свила...сето тоа во име на добриот мирис.
Тој го создаде и машкиот парфем DANGER Pour Homme Parfum Colagne.
Фантастичен, софистициран, привлечен, неприкосновен. Високите ноти се лимон, бергамот, лаванда и тарагон, средните ноти јасмин и љубичица, а базните ноти се ребарбара, галбарум, каранфил, кунин, пацули, дрвени ноти, кедар, ванила, мошус... Толку многу состојки не можат, а да не произведат единствен филтриран мирис за храбри, паметни мажи кои не се плашат од предизвици.