Samsung Design Studio – онлајн платформа за дизајнирање на уникатниот Bespoke фрижидер

КомпанијатаSamsung Electronics и Bespoke фрижидерите, со нивните иновативни дизајни, освоија златна наградата на International Forum (iF) Design Award 2020, сребрена награда, и награда  „Best-in-Show“на International Design Excellence Awards (IDEA) 2020. Кога станува збор за дизајнот на овие фрижидери, беше претставена и платформата Samsung Design Studio, во чии рамки корисниците можат сами да дизајнираат уникатен фрижидер по сопствен стил.

Интерното истражување на Samsung Electronics покажа дека 39% од европските потрошувачи го гледаат својот дом како место за изразување на нивниот личен стил, додека 22% од потрошувачите веруваат дека дизајнот на апаратите и мебелот е клучен фактор при купувањето - поважен сега отколку пред пандемијата. Затоа, глобалното промовирање на Bespoke фрижидерот на компанијата Samsung Electronics започна сосема ново поглавје во однос на функционалните и паметните апарати за домаќинство. Иновативниот дизајн на „Bespoke“ фрижидерот, овозможи персонализација на боите, материјалите и модулите за совршено вклопување во секој начин на живот, а благодарение на неговите напредни технологии за складирање храна, тој стана практичен секојдневен асистент во кујната. Поради екстремно позитивните реакции и одличниот дизајн, Bespoke фрижидерот освои и престижни награди за дизајн - златна награда на International Forum (iF) Design Award 2020, како и сребрена награда и награда за Best-in-Show на International Design Excellence Награди (IDEA) 2020 година. 

„Помина времето кога се дизајнираа домашни апарати со ист стандард, а вистински доказ се Bespoke фрижидерите кои се стремат кон персонализиран дизајн и ги задоволуваат индивидуалните потреби на корисниците. Бидејќи навиките на потрошувачите се менуваат од ден на ден, Bespoke фрижидерите се тука да ги задоволат и најсложените потреби, каде што освен што заштедуваат време и чуваат намирници со својата технологија, овозможуваат и вистинска трансформација на ентериерот според сечиј вкус“,изјави Harry Choi, Head of Design for Digital Appliances at Samsung Electronics.

Освен револуционерниот фрижидер, Samsung ја создаде дигиталната платформа Bespoke Studio[1].Тоа е алатка која ви овозможува да дизајнирате и купите фрижидер по ваш вкус, што значи дека секој корисник има можност со одбирање на саканиот модел, материјал и боја да креира свој Bespoke фрижидер со потпис. Благодарение на оваа технолошка иновација, корисниците преку виртуелно искуство можат да видат која комбинација на фрижидер најмногу ќе одговара на ентериерот на нивната кујна.

„Суштината на филозофијата на Bespoke фрижидерите е да се создаде искуство погодно за корисникот, а со Bespoke Design Studio, корисниците можат да одберат различни комбинации на модули, панели, бои и материјали од удобноста на нивниот дом за да го создадат својот идеален фрижидер. Нивните креации на интерактивната платформа зрачат со голема доза на инспирација, обезбедувајќи нови креативни идеи за дизајнот на идните Bespoke фрижидери“, изјави Evelyn Kim, Head of Consumer Marketing for Digital Appliances at Samsung Electronics.

[1] Достапноста на дигиталната платформа на Samsung Bespoke Studio,зависи од пазарот.


ПР објава