Samsung достигна бројка од еден милион продадени паметни монитори

Тајната на популарноста на M8: модерниот дизајн и новите функции го прават вашиот животен стил уште попаметен

Компанијата Samsung Electronics денеска објави дека вкупната продажба на серијата Smart Monitor надмина еден милион уреди на глобално ниво.

Новите монитори „Направи сè“ поддржуваат Smart Hub, обезбедувајќи совршена канцеларија или простор за учење во домот без потреба од поврзување со компјутер или друг надворешен уред. Покрај тоа, мониторот им овозможува на корисниците да уживаат во различни OTT услуги како што се Netflix, Samsung TV Plus и YouTube.

Врз основа на популарноста на својот прв паметен монитор претставен кон крајот на 2020 година, оваа година Samsung ја подобри својата понуда. Овој пат нуди извонредни 11 паметни монитори, вклучувајќи ги M8, M7 и M5.

Новиот M8 се одликува со легендарен тенок дизајн и доаѓа во четири нови привлечни бои - топла бела, небесно розова, небесно сина, и пролетно зелена. Елегантниот дизајн на мониторот M8 се вклопува во секое опкружување, исполнувајќи ги различните барања на корисниците.

Камерата SlimFit Cam M8 може да ја извадите, додека апликацијата за видео конференции и другите иновативни технологии за прикажување се главните двигатели на неговата популарност, овозможувајќи им на корисниците да се прилагодат на новите животни стилови - работа и школување од дома. 

Smart Monitor M8 ја доби наградата CES 2022 Innovation Awards од CTA (Consumer Technology Association) како признание за широкиот опсег на неговите технологии за прикажување. Веќе од 28 март 2022 година, Samsung почна да прима пред-нарачки за М8 во САД, Германија, Франција и многу други земји. Пред-нарачките за производот ги надминаа очекувањата на компанијата, што дополнително ја докажува светската популарност на производот. Во првиот квартал, продажбата на серијата Smart Monitor, вклучувајќи ја и продажбата на M8, се зголеми за приближно 40% во споредба со истиот период минатата година.

„Како што потрошувачите сè повеќе работат, учат и се забавуваат од дома, Smart Monitor ја редефинира традиционалната улога на монитор и нуди низа функции за подобрување на секој начин на живот. Среќни сме што го постигнавме овој резултат и очекуваме дека побарувачката ќе продолжи бидејќи потрошувачите ширум светот сакаат да живеат попаметно секој ден“, изјави Hyesung Ha, извршна потпретседателка на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics.

###

За Samsung Electronics Co., Ltd. 

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com.

* ПР - објава