Samsung Electronics е еден од петте најдобри светски брендови четврта година по ред

Samsung достигна вредност на брендот од 91,4 милијарди долари со високи оценки за промовирање на доследна стратегија за корисничко искуство и водечки идни технологии како што се 6G и AI

Веќе четврта година по ред, компанијата Samsung Electronics е прогласена за една од петте најдобри светски брендови од страна на глобалната консултантска фирма Interbrand, која секоја година објавува листа на најдобрите светски брендови. Врз основа на овогодинешната листа, вредноста на брендот на Samsung изнесува 91,4 милијарди долари, што е 4% повеќе во однос на минатата година.

Вредноста на брендот на Samsung се зголеми во сите деловни области во 2023 година и покрај слабата побарувачка во глобалната ИТ индустрија. Според Interbrand, на оценката на Samsung Electronics позитивно влијаело следново:

·Доследното подобрување на корисничкото искуство во целата компанија врз основа на стратегијата „Еден Samsung“.

·Зголеменото ниво на поврзаност и подобрени гејмнинг искуства преку широкото портфолио на производи на компанијата и на апликацијата SmartThings.  

·Лидерската улога на компанијата во идните иновативни технологии како што се 6G, вештачката интелигенција (AI), автомобилската индустрија, проширената реалност (AR) и виртуелната реалност (VR).

·Конзистентните активности за зајакнување на лидерството во областите на заштита на животната средина, општествена одговорност и корпоративно управување (ESG) преку еколошки активности низ сите производни линии.

„Благодарение на поддршката од нашите клиенти ширум светот, вредноста на брендот на Samsung Electronics продолжува да расте стабилно, и покрај севкупното предизвикувачко деловно опкружување“, рече YH Lee, претседател на Канцеларијата за глобален маркетинг во Samsung Electronics. „Секогаш ќе се стремиме да бидеме бренд што ќе го сакаат нашите клиенти преку водечките технолошки иновации, кои овозможуваат значајни искуства и продолжување на нашите напори за одржливост“.

Раст на вредноста на брендот врз основа на апликацијата SmartThings, гејминг искуствата, иновациите во индустријата и лидерството во областа на ESG

Кон крајот на минатата година, Samsung Electronics го основа Центарот за директен контакт со потрошувачите (D2C) во рамки на глобалниот маркетинг за обезбедување интегрирано онлајн и офлајн искуство. Компанијата има и CX-MDE центар – кој е одговорен за зајакнување на искуството со користење повеќе уреди – со цел да се зголеми синергијата помеѓу производите и да се подобри целокупното искуство на клиентите.

Партнерствата беа, исто така, еден од главните фактори кој влијаше на вредноста на брендот на Samsung во текот на изминатата година. Врз основа на апликацијата SmartThings, која обезбедува унифицирано искуство за поврзаност, Samsung дополнително ги зајакнува своите отворени партнерства за да ги поврзе не само на сопствените производи, туку и различните уреди од трети страни. Дополнително, партнерствата со различни компании на мобилните уреди, таблетите, телевизорите, компјутерите и мониторите, им овозможуваат на клиентите оптимизирано гејминг искуство.

Samsung продолжува да инвестира во водечките идни технологии како што се 5G/6G, вештачката интелигенција (AI) и автомобилската индустрија, со што се обезбедуваат и зајакнуваат нови потрошувачи. Во секторот на полупроводници, компанијата доби признание за своите иновации, како што е DDR5 DRAM од класа 12 nm и за активната работа во ветувачките индустрии, како што е вештачката интелигенција, автомобилката индустрија и напредните мобилни уреди.

ESG беше главна фокусна точка, бидејќи еколошките активности на компанијата имаат големо влијание. Напорите на Samsung вклучуваат зголемена употреба на рециклирани материјали, како што се пластика од искористени рибарски мрежи, стакло и алуминиум во сериите Galaxy S23 и Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, отворено лиценцирање на далечинската технологија за соларни ќелии што се користи во телевизорите, соработка со компанијата Patagonia за филтерот Less Microfiber™ во машините за перење и воведување на AI енергетски режим на работа во апликацијата SmartThings Energy.

Признатинапори на Samsung во секоја деловна област

Мобилни телефони

·Иновации на камерата на серијата Galaxy S23 врз основа на искуствата на клиентите

·Лансирање на кампањата “Придружи се на флип страната” и одржување на својата лидерска позицијата во категоријата телефони на преклопување

·Зајакнување на својата позиција во гејминг индустријата заради оптимизирање на гејмниг перформансите во Galaxy уредите преку работа со водечките партнери во секторот

·Постојано унапредување на достапноста на своите производи и услуги, вклучително и функцијата амбиентален звук на слушалките Galaxy Buds

·Апликација Samsung Global Goals за мобилизирање и едукација на Galaxy заедницата за начините за поддршка на глобалните цели на Samsung

Мрежи

·Револуционерни 5G иновации врз основа на техничкото лидерство, како што се 5G виртуелизираната радио пристапна мрежа (vRAN) и отворен RAN

·Зајакнување на својата позиција во 5G- индустријата преку силни партнерства со водечките глобални телекомуникациски оператори

·Комуницирање на аспектите на одржливост на 5G-мрежната технологија на Samsung

Визуелен приказ

·Консолидирање на лидерството на глобалниот пазар преку континуирани иновации на производи, вклучувајќи Neo QLED 8K и Micro LED

·Зајакнување на својата позиција во гејминг индустријата преку иновативни производи како што се Odyssey Ark, Samsung Gaming Hub и партнерства со светски водечки стриминг сервиси за игри

·Подобрување на достапноста преку режимот на работа Reluminо[1]и партнерства со Кралскиот национален институт за слепи лица (RNIB)

Апарати за домаќинство

·Одржување на глобалното лидерство во главните категории на апарати за домаќинство, како што се фрижидерите и машините за перење

·Подобрување на корисничкото искуство во текот на целиот животен циклус на производот врз основа на искуствата на клиентите

·Воведување нова улога на апаратите за домаќинство со производите Bespoke и освојување CES награди за иновации, iF Design награди и многу други.

Полупроводници

·Обезбедување водечки иновации во индустријата, како што е DDR5 DRAM од класа 12 nm и зајакнување на лидерството на пазарот

·Зајакнување на партнерствата во областите со висок раст, како што се вештачката интелигенција и автомобилската индустрија

·Ширење на Exynos процесорите на носивите уреди и 5G

·Подобрување на кредибилитетот со ISOCELL сензорите во водечките паметни телефони од големите производители

·Постојано зајакнување на комуникацијата за ESG

Најдобрите глобални брендови според Interbrand се рангираат врз основа на оценувањето на вредноста на секој бренд, која е резултат на сеопфатна анализа на финансиските перформанси на компанијата, влијанието на брендот врз купувањата на клиентите и конкурентноста на брендот. Ова оценување на вредноста на брендот е едно од најстарите во светот и е широко признато по својот кредибилитет.

*пр-објава