Samsung Electronics е лидер на глобалниот пазар за дигитално рекламирање 15 години по ред

Samsung го утврди своето 15-годишно лидерство на пазарот со рекордна продажба на екрани за дигитално рекламирање

Агенцијата за истражување Omdia ја прогласи компанијата Samsung Electronics за број еден производител на системи за дигитални реклами 15-та година по ред, уште еднаш демонстрирајќи го нејзиното лидерство на глобалниот пазар за дигитално рекламирање.[1]

Според податоците на Omdia, во 2023 година Samsung не само што бил предводник на глобалниот пазар за дигитално рекламирање со 33% удел на пазарот, туку и продал над 2 милиони единици, што е рекорден број за компанијата.2

„Првото место на глобалниот пазар за дигитални екрани 15 години по ред ја одразува нашата посветеност на иновациите и нашата способност да се прилагодиме на еволуирачките услови на пазарот и потребите на нашите клиенти,“ рече Хун Чунг (Hoon Chung), извршен потпретседател на Одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да им обезбедуваме на нашите клиенти највисока вредност нудејќи им специјализирани уреди, решенија и услуги кои ги задоволуваат нивните разновидни потреби.“

Samsung Electronics редовно воведува специфични решенија за дигитално рекламирање кои ги задоволуваат потребите на деловни опкружувања.

·The Wall, првиот модуларен екран во светот со микро LED технологија. Благодарение на неговиот модуларен формат, The Wall им овозможува на клиентите да ја прилагодат големината, соодносот и обликот на екранот според преференците и случајот на употреба.

·Smart Signage обезбедува одлично имерсивно чувство со својот ултра-тенок профил и униформен дизајн на рамката.

·Outdoor Signage специјално дизајниран за примена на спортските терени, пазарите и станиците за полнење на електрични возила. Екраните на Outdoor Signage се дизајнирани за јасна видливост во секакви временски услови.

·Samsung Interactive Display е е-табла оптимизирана за образовните институции, која ги става образовните алатки на дофат на наставниците и студентите.

Ширењето на линијата The Wall е јасен показател за иновациите и водечката технологија на Samsung. Производите како The Wall All-in-One и The Wall for Virtual Productionбеа избрани од клиентите поради нивната извонредна практичност и едноставната употреба, додека The Wall беше избран за идеален екран за луксузните хотели како Atlantis The Royal in Dubai илиHilton Waikiki Beach in Hawaii.

Лидерството на Samsung во индустријата за дигитално рекламирање може да се припише на посветеноста на компанијата на иновација на производите и услугите. На пример, воведувањето на првиот проѕирен микро LED екран во светот во јануари беше забележано од страна на експертите во индустријата како следната генерација на комерцијален екран, освојувајќи признанија како „Најневеројатен LED“ и „Најдобар проѕирен екран“ од северноамериканскиот аудио-видео информативен портал, rAVe.

Неодамнешното воведување на платформата Samsung Visual eXperience Transformation(VXT) дополнително ја покажува посветеноста на Samsung на иновација на екраните. Оваа платформа базирана на облак комбинира управување со содржина и далечинско дигитално рекламирање со користење на една, сигурна платформа, нудејќи услуги и решенија кои го надминуваат самиот хардвер, а на корисниците им обезбедува беспрекорно работење и едноставно управување.

Гледајќи напред, се очекува забрзан раст на глобалниот пазар за дигитално рекламирање, со годишна стапка од 8% што води кон проектирана вредност на пазарот од 24.6 милијарди долари до 2027 година, во однос на вредноста од 14 милијарди долари во 2020 година.3

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

[1] Omdia Q4 2023 Public Display Report; Врз основа на обемот на продажба. Забелешка: ТВ приемниците за потрошувачи не се вклучени.

2 Omdia Q4 2023 Public Display Report; Врз основа на обемот на продажба. Забелешка: ТВ приемниците за потрошувачи не се вклучени.

3 Според комбинираните приходи од продажба на LCD и LED системите за дигитално рекламирање. Извор: Omdia Q4 2023 Public Displays Market Tracker (не се вклучени телевизорите за потрошувачи), Omdia Q4 LED Video Displays Market Tracker..


Пр објава