Samsung Electronics ја врати довербата на кралското семејство
Компанијата Samsung Electronics во Велика Британија ја врати довербата на британската кралска палата како еден од добавувачите на потрошувачка електроника и на тој начин обезбеди пласман на уште поширок опсег на уреди.
Веќе добро познат меѓу членовите на кралското семејство, Samsung е горд што обезбедува висококвалитетни технолошки решенија за британската кралска палата од 2012 година како форма на годишно обновување на договор,а оваа соработка ја одржува компанијата на врвот, меѓу другите светски познати брендови.
„Обновувањето на договорот со Кралската палата е чест и служи како доказ за квалитетот на нашите производи и услуги. Горди сме што ги зајакнуваме нашите односи со Кралската палата, особено затоа што ова е година кога се одбележува 70-годишнината од инаугурацијата на Нејзиното Височество - Кралицата“,изјави Брајан Форд, потпретседател за корисничко искуство во Samsung Велика Британија и Ирска.
Традицијата на избор на добавувачи (Royal Warrant)датира од 15 век, а валидните добавувачи ги избира Кралската палата. Samsung е горд што го доби ова суверено признание од Кралскиот добавувач.
###
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете го линкот http://news.samsung.com.
* ПР - објава