Samsung Galaxy S22 Ultra го нуди најсовршеното искуство од S серијата досега
Galaxy S22 Ultra нуди најдобра камера, перформанси и поврзување на Galaxy паметен телефон досега и нуди сосема ново мобилно искуство со комбинирање на најдобрите карактеристики на Galaxy од Note и S сериите.
– КомпанијатаSamsung Electronics го претстави S22 Ultra, кој е комбинација од најдобрите карактеристики од двете познати серии на паметни телефони - незаменливата моќ на серијата Note и професионалната камера и перформансите на серијата S - за да постави нов стандард за премиум паметните телефони. Со вградено S Pen пенкало, подобрен капацитет за ноќни фотографии и целодневно траење на батеријата, Galaxy S22 Ultra е најмоќниот Ultra уред што Samsung некогаш го направил.
„Ние во Samsung се трудиме секој ден да ја поместиме границата кога станува збор за нашите премиум уреди“, изјави ТМ Роу, претседател и раководител на секторот за мобилно искуство (MX) во Samsung Electronics. „Galaxy S22 Ultra ја презема омилената функционалност на Galaxy Note и најпопуларните аспекти од S серијата и ги спојува во навистина уникатно мобилно искуство. Ова е голем скок за мобилната технологија што поставува нов стандард во тоа што може да биде паметен телефон“.
Од креативност и продуктивност до моќ и перформанси, Galaxy S22 Ultra на S серијата додава сè што сакате од серијата Note - вклучувајќи го и познатото S Pen пенкало. Galaxy S22 Ultra им се придружува на новите уреди од Galaxy S серијата - Galaxy S22 и S22 + - и ја нуди секоја карактеристика од овие уреди плус нови дополнителни функции за најдоброто од сериите S и Note[1].
Најмоќниот Samsung телефон од серијата S досега
За прв пат досега, омиленото S Pen пенкало на серијата Note доаѓа со еден уред од S серијата - и е најбрзото и најчуствителното S Pen пенкало некогаш направено. Со 70% помалку доцнење[2], можете поприродно да пишувате и цртате на широкиот екран на вашиот S22 Ultra и да ги истражувате апликациите на нови начини.
Со S Pen пенкалото, S22 Ultra станува повеќе од само телефон. Ги презема карактеристиките на Note серијата и создава нови начини за креативно да ја завршите работата. Резултатот е мобилно искуство како никогаш досега.
Со совршено интегрирани леќи на камерата и тенка метална рамка што создава ефект на огледало, Galaxy S22 Ultra по изглед и допир го претставува најсовршениот уред на Samsung досега. Луксузната стаклена и мат површина додава посебен нота на елеганција на редизанираниот линеарен, прилагодлив дисплеј на S22 Ultra - во комбинација со познатите остри агли од серијата Galaxy Note - давајќи му минималистички изглед. Издржлив и привлечен, Galaxy S22 Ultra доаѓа во четири бои инспирирани од природата – фантомска црна, фантомска бела, зелена и за прв пат S22 Ultra темноцрвена[3].
Направете прекрасни фотографии и видеа и дење и ноќе
Со Galaxy S22 Ultra, можете да снимате видеа што не бараат посто-бработка, во било какви услови на осветлување. Напредните функции за ноќно фотографирање достапни на сите уреди од семејството S22 ви овозможуваат да снимате јасни и чисти видеа и со предната и со задната камера, без разлика дали снимате дење или ноќе. S22 Ultra има пиксел сензор од 2,4 um – најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега[4], што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и податоци, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. Дополнително, напредните Super Clear Glass објективи на S22 Ultra ви помагаат да правите поубави и појасни ноќни видеа без отсјај. Видеото со автоматско кадрирање гарантира дека вашата камера го снима токму она што го сакате, без разлика дали се работи за едно или десет лица[5].
Со зум кој ќе ве приближи 100 пати поблиску до акцијата[6], Galaxy S22 Ultra не само што е најмоќната, туку и најпаметната камера на Samsung. Со новите функции базирани на вештачка интелигенција, како што е Portrait mode, Galaxy S22 Ultra е дизајниран да направи секоја фотографија да изгледа професионално. Со моќните карактеристики на паметни камерикоја ја има S22 Ultra, вашиот телефон го прави сето тоа сам, така што секогаш можете да правите импресивни фотографии и видеа при секое осветлување.
Без разлика дали сте аматер или професионален фотограф, Galaxy S22 Ultra ви ги нуди сите алатки за правење одлични фотографии во секое време. Како и Galaxy S22 и S22 +, Galaxy S22 Ultra дава ексклузивен пристап до апликацијата Expert RAW[7], која содржи сеопфатна низа алатки за уредување во камерата што го обезбедуваат истото искуство како камерата DSLR и ви нуди покреативна контрола. Со можноста за зачувување фотографии во RAW формат до 16 бита, може да имате поголема контрола врз уредувањето со повеќе податоци од вашите снимки. И исто како и со користење на DSLR камера, можете да ја зголемите или намалите осветленоста на вашите фотографии со ISO поставките и брзината на блендата, да го прилагодите балансот на белата боја за да ја направите вашата фотографија помека или поостра и рачно да се фокусирате на саканиот предмет за да ги направите вашите слики да изгледаат точно како како што сакате.
Неограничена моќ и перформанси
Galaxy S22 Ultra е направен за најпродуктивните работни денови. S22 Ultra е првиот дел од GalaxySсеријата, опремен со најновиот 4nm процесор за најнапредната обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и механичко учење. Има и Wi-Fi 6E, што е дури двојно побрзо од Wi-Fi 6[8]. Има и Wi-Fi 6E, што е дури двојно побрзо од Wi-Fi 6[9]. Тоа значи дека можете да уживате во незаменливи перформанси на сите апликации што најмногу ги користите, без разлика дали играте игри, стримувате или работите[10]. Сето ова го овозможува моќната батерија Galaxy S22 Ultra, која ви овозможува повеќе од цел ден користење со едно целосно полнење[11]. S22 Ultra, поддржува супербрзо полнење од 45 W, така што можете да снимате повеќе од 50 минути видео материјал – само по 10 минутно полнење[12]. Работете, играјте игри, гледајте видеа и повеќе со моќтасекогаш да бидете поврзани.
Без разлика дали гледате или креирате сопствена содржина, 6,8-инчниот[13]Dynamic AMOLED 2X 120Hz приспособлив дисплеј за сеопфатно искуство со Galaxy S22 Ultra ги прикажува дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits[14]. Дополнително, технологијата Vision Booster му овозможува на екранот на Galaxy S22 Ultra интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот за да ја гледате вашата содржина на најдобар можен начин, дури и при силна сончева светлина.
Како дел од нашата посветеност да понудиме најдобри можни перформанси и корисничко искуство, Galaxy S22 серијатаќе биде поддржана со дури четири генерации надградби на Android OS[15]. Сега милиони корисници на Galaxy уреди можат дополнително да го продолжат животниот век на своите уреди без да ги пропуштат најновите безбедносни карактеристики, продуктивноста и другите возбудливи нови функции. Samsung продолжува да работи на оваатема низ својата производна линија и вашиот Galaxy екосистем.
Безбедност на која можете да верувате
Galaxy S22 серијата е обезбедена со Samsung Knox Valut моќна безбедносна платформа, која вклучува безбедносен процесор и меморија за целосно изолирање на чувствителните податоци како кориснички лозинки, биометриски или Blockchain клучеви од оперативниот систем на паметниот телефон. Контролната табла за приватност на One UI корисничкиот интерфејсовозможува лесно да видите кои апликаци пристапуваат до вашите податоците и камерата, така што може да одлучитена која апликација ќе дозволите или нема да дозволите пристап. Серијата Galaxy S22 воведе и неколку иновации во однос на безбедносните карактеристики како што е ARM микроархитектурата, која спречува сајбер напади врз оперативниот систем и меморијата.
Покрај горенаведеното, серијата Galaxy S22 ја воведе и услугата за дигитални паричник Samsung Wallet[16]за беспрекорно, практично и безбедно искуство што го олеснува секојдневниот живот. Samsung Wallet ги комбинира можностите за дигитално плаќање, личните документи, клучеви и управување со дигитални средства во единствена алатка за секојдневната употреба да ви биде поедноставна, од покажување студентска легитимација, па се до изготвување патни документи пред лет.
Останете поврзани со Galaxy екосистемот
Покрај новата серија S22, Samsung воведува сосема нова линија на таблети и пакет ажурирани функции за часовникот Galaxy Watch4 за да ги одржуваат корисниците на Galaxy уреди постојано поврзани во сите аспекти од нивниот живот. Направена за новата ера на поврзување, серијата Galaxy Tab S8 - вклучуваќи Tab S8, Tab S8 + и Tab S8 Ultra - е најразновидната линија на Samsung таблети досега, дизајнирани да ги задоволат постојано променливите потреби на оние кои работат , учат играат и создаваат.
Локална достапност
Galaxy S22 Ultra ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 79,999 денари во следните бои и опции за меморија: фантомска црна, фантомска бела, зелена и темноцрвена во модели на меморија од 12 / 256 GB и 12 / 512 GB
За повеќе информации за Galaxy S22 Ultra, посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com
[1] Podrška za olovku S pen je dostupna za Galaxy S22 Ultra. Podrška za olovku S Pen nije dostupna za Galaxy S22 i Galaxy S22+
[2] U poređenju sa modelom Galaxy S21 Ultra.
[3]Достапноста зависи од пазарот.
[4] Истата големина на сензорот од 2,4 мм пиксели како Galaxy S21 Ultra.
[5] Автоматската рамка е достапна само во видео режим. Тајмерот мора да се вклучи пред да снимате. Одредени резолуции и ставови можеби нема да бидат поддржани. Одредени функции може да не се достапни кога е вклучено автоматското кадрирање. Автоматската рамка препознава само луѓе и има ограничување на бројот на луѓе што може да се идентификуваат. Достапно за Samsung Camera, BlueJeans, Google Duo, Meta Messenger, Google Meet, Microsoft Teams, Cisco Webex Meet и Zoom. Достапен е самотајмер на одбрани леќи.
[6] 100X зум во просторот кој вклучува 10x оптички зум и 10x дигитален зум со технологија за супер резолуција базирана на вештачка интелигенција. Зумирањето над 10x може да резултира со послаб квалитет на сликата.
[7] Expert RAW мора да се преземе бесплатно одвоено од платформата Galaxy Store пред употреба.
[8] Потребна е оптимална врска. Вистинската брзина може да зависи од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
[9] Потребна е оптимална врска. Вистинската брзина може да зависи од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
[10] Достапноста на Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, давателот на услугата и корисничката околина. Потребна е оптимална врска. Потребен е рутер Wi-Fi 6E.
[11]Проценка врз основа на профилот на употреба на просечниот/типичен корисник, независна проценка беше извршена од страна на компанијата Strategy Analytics помеѓу 08.12. и 20.12.2021 година во САД и Велика Британија на верзии пред лансирање SM-S901, SM-S906, SM-S908 по фабрички поставки користејќи мрежи 5G Sub6 (НЕ се тестира на 5G mmWave мрежа). Вистинскиот век на батеријата зависи од мрежното опкружување, користените функции и апликации, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на полнења и многу други фактори. Вкупниот век на траење на целосно наполнет уред може да зависи од однесувањето на корисникот.
[12]Врз основа на резултатите од супербрзото полнење од внатрешните лабораториски тестови на Samsung, спроведени со адаптер за патување од 45 W со 0% од преостанатото полнење и сите услуги, функции и исклучен екран. Вистинската брзина на полнење може да зависи од вистинската употреба, условите за полнење и други фактори. Адаптерот за патување од 45 W се продава посебно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung.
[13] Димензиите на екранот се дијагонални; вистинската површина на гледање е помала поради заоблените рабови и отворите на камерата.
[14] Режимот на висока осветленост достигнува 1200 nits, па дури и 1750 nits под директна сончева светлина за Galaxy S22 Ultra.
[15]Достапноста и времето на ажурирањата и функциите на Android OS може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и пазарот. Уредите на кои моментално се овозможени четири генерации ажурирања на Android OS се серијата Galaxy S22 (S22 / S22 + / S22 Ultra), серијата S21 (S21 / S21 + / S21 Ultra / S21 FE), Z Fold3, Z Flip3 и Серијата Tab S8 (Tab S8 / Tab S8 + / Tab S8 Ultra)..
[16] Samsung Wallet ќe биде поддржан низ сериjata Galaxy S22. Функциjata за дигитален ID ќe биде достапна подоцна оваа година, а функциjata за бординг карти ќе има премиера прво во Јужна Кореја по лансирањето на производот.
ПР објава