Samsung ги поканува обожавателите ширум светот да уживаат во Galaxy Experience Spaces прикажувајќи го следното поглавје на Galaxy AI

Интерактивните простори во седум градови им обезбедуваат на фановите на Galaxy искуство од прва рака со подобрена Galaxy AI технологија низ најновиот екосистем на Samsung Galaxy

Samsung Electronicsденес објави дека отвора седум Galaxy Experience Spaces ширум светот, прикажувајќи нови начини за вршење на работите, комуникација и креирање со технологијата Galaxy AI[1] низ најновиот екосистем на Galaxy. Со локации во Париз, Берлин, Њујорк, Дубаи, Џакарта, Сеул и Токио, обожавателите ширум светот можат од прва рака да ја истражат следната фаза на Galaxy AI на имерсивен и интерактивен начин.

„Додека Samsung продолжува да ја развива технологијата Galaxy AI и оди чекор подалеку, ние сме посветени на обезбедување уникатни и оптимизирани искуства со Galaxy AI кои најдобро одговараат на секој форм-фактор, од најновата серија Galaxy Z до поширокиот екосистем на Galaxy“, рече Џејми Парк (Jamie Park), потпретседател и раководител на групацијата Experience Marketing, Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Возбудени сме што воведуваме нов свет на можности, нудејќи им на љубителите на Galaxy ексклузивен поглед на тоа како способностите на Galaxy AI низ екосистемот Galaxy може да го подобрат нашиот секојдневен живот.“ 

Имајќи предвид дека летото е шпицот на сезоната за одмори и обемни патувања, овие Galaxy Experience Spaces опфаќаат концепт на патување, поканувајќи ги корисниците да видат како различните функции на Galaxy AI можат да го збогатат секое патување. Посетителите целосно ќе уживаат во искуствата со Galaxy AI влегувајќи во овие простори и ќе имаат можност да истражуваат иновативни начини на патување со Galaxy AI. Овие функции прикажуваат нови начини за зголемување на продуктивноста со поедноставување на планирањето и организацијата на патувањето, нови начини за снимање на нивните најнезаборавни моменти, како и овозможување комуникација без оптоварување со јазични бариери.

Во избраните Galaxy Experience Spaces, посетителите можат да учествуваат во различни програми[2] и да ги тестираат најновите функции на Galaxy AI на имерсивен начин на најновите Galaxy уреди.

Локации на  Galaxy Experience Spaces:

·Париз: од 10 јули до крајот на октомври во CE 125, 125 Av. des Champs-Élysées, 75008 Париз, Франција

·Берлин: од 10 јули до 7 август во Mall of Berlin, Leipziger Pl. 12, 10117 Berlin, GermanyБерлин, Германија

·Њујорк: од 10 јули до 7 август на 500 Broadway, New York, NY 10012, САД

·Дубаи: од 11 јули до 7 август во Mall of the Emirates, Sheikh Zayed Road, Al Barsha 1, Дубаи, ОАЕ

·Џакарта: од  јули до 4 август во Kota Kasablanka, Jl. Casablanca Raya Kav. 88, Џакарта Селатан 12870, Индонезија

·Сеул: од 11 јули до 11 август во The Hyundai Seoul,108 Yeoui-daero, Сеул, Јужна Кореја

·Токио: од 11 јули до 6 август во SHIBUYA TSUTAYA(Q FRONT), 21-6 Udagawacho, Shibuya City, Токио150-0042, Јапонија

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/

[1]Можеби ќе биде потребно најавување на сметката Samsung за да се користат одредени функции на Samsung AI. Samsung не дава никакви ветувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатот што го обезбедуваат функциите за AI. Достапноста на функциите на Galaxy AI може да се разликува во зависност од моделот на уредот. Функциите на Galaxy AI ќе бидат бесплатни до крајот на 2025 година на поддржаните уреди а нSamsung Galaxy. Може да важат различни услови за функциите за AI обезбедени од трети страни. Услугата Galaxy AI може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со старосни ограничувања за користење на вештачка интелигенција

[2]Програмите може да се разликуваат во зависност од регионот.


ПР објава