Samsung и уметникот Мајкл Марфи нудат револуционерно искуство за сите сетила, нова перспектива на визуелната забава благодарение на неверојатно тенкиот Neo QLED телевизор
Инсталацијата на Samsung и Марфи во лондонската галерија Сачи ја потврдуваат моќта на Neo QLED технологијата со панорамска изведба на дуото Gorgon City, во приодукција на компанијата Cercle
Компанијата Samsung беше домаќин на уметничко искуство за сите сетила во лондонската галерија Сачи, со перцептивниот уметник Мајкл Марфи. Заедно претставија импресивна спирална инсталација составена од единаесет најсовремени екрани на Samsung супер Нео QLED ТV Infinity, преку кои публиката присуствуваше на ексклузивен настап на дуото Gorgon City, изведувајќи електронска музика на прекрасниот Skywalk Biokovo на јадранскиот брег во Хрватска. Продуцентот на овој настан, Cercle, беше задолжен за снимање на оваа необична изведба, која вклучуваше премиера на песната на дуото „Skywalk“, именувана по познатата локација, која публиката можеше да ја види преку супер инсталацијата на Neo QLED екранот со неверојатно реален квалитет на слика.
„Многу сум горд на оваа инсталација. Ова е прв пат да работам со подвижни слики, така што беше вистински предизвик да ги спојам не на еден, туку на единаесет екрани, а чувството е навистина одлично. Се разбира, мојата работа беше олеснета со неверојатната продукција на Cercle и импресивниот квалитет на сликата на Neo QLED екранот, а да не зборуваме за фактот дека ова се досега најтенките Samsung екрани, но пресреќен сум што оваа инсталација ми помогна да ја подигнам мојата уметност на повисоко ниво. Особено ми е драго што со Samsung работевме на овој проект заедно - затоа што ги натеравме гледачите да го видат светот во ново светло. Јас го правам тоа со помош на совршени перцептивни трикови, а Samsung со помош на неговите совршени екрани “, рече Мајкл Марфи.
„Samsung постојано се обидува да ги помести границите, и не постои поголема граница што треба да се надмине отколку постигнување нова и свежа перспектива“, изјавиНејтан Шефилд, директор за визуелизација во Samsung. „Затоа сакавме да соработуваме со Мајкл, бидејќи неговата работа секогаш ги надминува границите помеѓу уметноста и перцепцијата. Cercle го прави истото со музиката, филмот и културата. Целта е да им покажеме на нашите клиенти како светот може да биде експресивен, инспиративен и живописен. Со Мајкл, продукцијата на Cercle и непобедливата визуелна моќ на супер Neo QLED екранот, направивме голем чекор кон нашата цел “.
Голема чест е да се работи со тимот на Samsung и Cercle. Беше неверојатно искуство да се снима на позната локација која, според наше мислење, совршено се вклопува во оваа песна. Бевме воодушевени од начинот на кој тие работат и се надеваме дека на сите ќе им се допадне ова видео исто колку и нам “, изјави Мет Робсон-Скот од дуото Gorgon City.
Новиот Neo QLED телевизор на Samsung обезбедува сеопфатно искуство и неверојатно доживување при гледање со вистински квалитет на слика, богати бои и технологија без рефлексија, во удобноста на вашиот дом. Со супер моќна визуелна технологија, достапна само на Neo QLED 8K телевизорот, навистина може да доживеете нови перспективи. Дознајте повеќе за нашите модели овде.
Искусете нови перспективи од прва рака и погледнете ја видео снимката од оваа ексклузивна изведбана https://www.samsung.com/perspectives/.
ПР објава