Samsung ја претстави најновата линија на апарати за домаќинство на глобалниот настан „BESPOKE AI “ со подобрена поврзаност и вештачка интелигенција

Samsung Electronics денес ја претставува својата најнова линија на апарати за домаќинство на глобалниот настан „BESPOKE AI[1]“, кој се одржува на три локации – Сеул, Париз и Њујорк. Samsung ја споделува својата визија за тоа како поврзувањето помеѓу прикажаните производи може да го подобри целокупното искуство во домот и како вештачката интелигенција (AI) ги подобрува перформансите на апаратите.

Јонг-Хи (Џ.Х.) Хан (Jong-Hee (JH) Han), потпретседател, извршен директор и раководител на Одделот за eXperience (DX) во Samsung Electronics, го започна маратонот на настани со отворање на медиумскиот настан „BESPOKE AI“ во Сеул, опишувајќи како апаратите за домаќинство на Samsung не само што добро ги извршуваат вообичаените задачи, туку тие можат и многу повеќе со применетите функции за вештачка интелигенција. Особено со додадените екрани на фрижидерот и машините за перење, Bespoke апаратите стануваат платформа за забава, како и лесен пристапен контролен центар за другите поврзани уреди на Samsung преку апликацијата SmartThings.

„Од првото претставување на BESPOKE во 2019 година, Samsung Electronics претстави на пазарот како апаратите за домаќинство можат да се приспособат за најдобро да одговараат на домот и начинот на животот на секој корисник“, рече Џ.Х. Хан (JH Han). „Пет години подоцна, ја споделуваме нашата визија за вештачката интелигенција во апаратите со производите што го прошируваат Bespoke наследството преку подобрена поврзаност и функции за вештачка интелигенција што ќе го подигнат искуството на потрошувачите на следното ниво“.

Синхронизирани Bespoke апарати за домаќинство со вештачка интелигенција за

создавање нови искуства во различни простори

Со вграден Wi-Fi, внатрешни камери, чипови со вештачка интелигенција и компатибилност со апликацијата SmartThings, најновите Bespoke апарати со вештачка интелигенција на Samsung доаѓаат со подобрени функции и поврзување за да ја постават основата за вистинскиот паметен дом. Исто така, новиот AI Home, поврзан 7-инчен LCD екран кој е додаден на повеќе производи, обезбедува интуитивен, лесен пристап и контрола врз целиот поврзан екосистем. 

Со оглед на тоа што луѓето најчесто ги носат мобилните телефони со себе, Mobile Smart Connect е нова функција која праќа предупредување на телефонот кога е во близина со регистрирани апарати. Известувањето што се појавува вклучува брзо контролно мени за извршување на клучните функции за апаратот директно од телефонот, така што корисниците повеќе не мора низ домот да го бараат вистинскиот далечински управувач[2]. Ова ги елиминира дури и неколкуте чекори и кликања[3] што беа потребни за пристап до истите функции во апликацијата SmartThings.

На настанот BESPOKE AI, Samsung ја прикажа и новата функција Calm Onboarding, што им олеснува на корисниците да се приклучат во поврзаниот живот на Samsung. Таа ги ослободува корисниците од маката со регистрирањето производи, бидејќи директно ги регистрира производите купени со сметката на Samsung на Samsung.com на апликацијата SmartThings во рамки на истата сметка.

За да им обезбеди сигурност на корисниците додека влегуваат во ерата на хипер-поврзани апарати за домаќинство водена од технолошкиот напредок, Samsung исто така ја истакна својата сеопфатна безбедносна платформа Knox Matrix, која ги штити сите кориснички податоци лоцирани на поврзаните апарати.

AI го проширува спектарот на функции на апаратите за домаќинство на Samsung

Најкарактеристичната разлика помеѓу трите настани, освен локацијата, е линијата на производи откриена за време на соодветните прес-конференции, што ги одразува вистинските апарати што ќе бидат лансирани на секој пазар.

Со оглед на тоа што заштедата на енергија е важен критериум на европскиот пазар, настанот „BESPOKE AI[4]“ во Париз дополнително го претстави новиот енергетски ефикасен фрижидер со екстра широк долен замрзнувач[5] и новата енергетски ефикасна машина за перење. Екстра широкиот фрижидер доби оценка „А“ според европските енергетски стандарди благодарение на новиот AI инвертер компресор на Samsung. Новата линија на машини за перење вклучува различни модели со A-10%, A-20%, па дури и A-40% дополнителна заштеда на енергија. Особено моделот со А-40% за екстра енергетска ефикасност има Bubble Shot технологија, која заштедува енергија со пумпање на вода во барабанот и прскање на облеката.

Напредок во иднината на апаратите за домаќинство

Samsung, не само што посветено претставува подобро домашно искуство, туку и создава поиновативни и поефикасни производи. Настанот беше особено значаен во контекст на тоа што не беа само претставени новите производни линии и функции што Samsung ги лансира, туку и глобално беше објавено како сите уреди поврзани со Wi-Fi, вклучувајќи ги и оние што веќе ги поседуваат клиентите, можат да се променат.

Samsung продолжува да ги надградува уредите поврзани со Wi-Fi на пазарот, а тоа веќе го прави во домовите на корисниците преку ажурирања на софтверот и развојот на Smart Things. Корисниците можат да уживаат во новите функции дури и со старите модели и во повеќе функции за заштеда на енергија со производите што веќе биле купени. Функцијата Smart Forward[6], најавена за прв пат на настанот, е услуга која обезбедува најнови функции, безбедносни печови и надградби преку редовни ажурирања на софтверот. Корисниците ќе можат да ги проверуваат достапните информации за ажурирање и да добиваат известувања од апликацијата SmartThings[7]. Ова на корисниците им обезбедува спокојство и придонесува со намалување на зачестеноста на замените на апаратите.

SmartThings Energy им овозможува на корисниците лесно да ја следат и контролираат количината на енергија што ја трошат поврзаните уреди на Samsung.

Безбедноста на производите е, исто така, важен фактор на кој Samsung му дава приоритет, при што компанијата се стреми да добие сертификати за да ја докаже својата одговорност за производите во сите категории на апарати, вклучително и сертификатот за намален ризик од пожар (RFR) за нови производи. Овој сертификат гарантира дека сертифицираните апарати[8] се дизајнирани ефикасно да спречат инциденти од пожари предизвикани од производи.

На крајот од настанот, Samsung, исто така, откри дека работи на анимираниот филм „Inside Out 2“ заедно со Дизни и Пиксар (во кината ќе излезе на 14-ти јуни[9]), за да ги прикаже функциите на новата машина за перење Bespoke AI Laundry Combo™. Беше прикажано ново ко-брендирано тизер-видео кое содржи исечоци од „Inside Out 2“ и покажува како со новата машина за перење можете да ги отстраните стресните емоции од алиштата со помош на AI Bubble™.


[1] Функциите базирани на вештачка интелигенција достапни на одредени уреди.

[2] Достапно за Jet Bot Combo™ AI

[3] Корисниците можат да постават „Прикажи на заклучен екран“ или да проверат преку брзиот панел на телефоните Samsung Galaxy.

[4] Функциите базирани на вештачка интелигенција се достапни на одредени уреди.

[5] Се однесува на замрзнувач со голем капацитет на дното („BMF“) со ширина од 70 см или повеќе.

[6] Периодот на ажурирање и применливите функции може да се разликуваат во зависност од регионот и моделот.

[7] Апликацијата SmartThings е достапна на уредите со Android и iOS. Потребна е врска со Wi-Fi и сметка на Samsung.

[8] Достапно само на Bespoke AI Laundry Combo™.

[9] Во Соединетите Американски Држави. Датумот на прикажување варира во зависност од земјата


*Пр објава