Samsung „Life Unstoppable“ – прва виртуелна интерактивна конференција

Најавено виртуелно претставување на нови производи и технологија

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd најави одржување на првата интерактивна, виртуелна конференција под името „Life Unstoppable“, кога ќе бидат претставени последните иновации на полето на паметни телефони, носечки уреди, телевизори, аудио опрема и апарати за домаќинство.

За сите присутни, компанијата ќе демонстрира како иновациите на Samsung го ставаат во фокус корисникот и неговите потреби, нудејќи му многубројни можности за непречено и неограничено вмрежување. Демонстратори и специјални гости во текот на 45 минутна тура ќе прикажат на кој начин новите уреди нудат автентични решенија на полето на домашните забави, вмрежениот гејминг, но и креативноста на работа, како и во текот на слободното време.

Овој интерактивен настан ќе овозможи сите заинтересирани да ги истражат и да се запознаат со новите производи од удобноста на својот дом, како што се мобилните телефони, телевизорите и апаратите за домаќинство.

„Возбудени сме заради трансформирањето на начинот на кој оваа година ќе ги претставиме новите производи. Дигиталната конференција е само еден од начините на кој Samsung ги прилагодува своите работни активности во новите околности и глобалните промени што ни се случија. Со тоа, продолжуваме да развиваме и автентични иновации за корисниците и општеството, па затоа во септември ќе покажеме како нашата вмрежена, иновативна технологија носи живот без ограничување“, изјави Benjamin Braun, директор на одделот за маркетинг во компанијата Samsung Europe.

Првата виртуелна интерактивна конференција „Life Unstoppable“ ќе се одржи на 2. септември од 10 часот наутро и ќе биде отворена за медиумите и партнерите.