Сањол: Македонија според прикажаното досега, ја заслужи фаворитската улога
Македонија утре ја пречекува Грузија, дерби во нашата квалификациска група во Лигата на нации, а селекторот на гостите, Вили Сањол, селекторот на Грузија, смета дека нашиот национален тим ја има фаворитската улога.
Грузија е со 6 бода, победа против Гибралтар и Бугарија, Македонија има 4 бода, бод од дуелот со Бугарија и три со Гибралтар.
„Точно е, Македонија е фаворит, тоа го реков и претходно, Македонија играше на Европско првенство, ја победи Италија неодамна, си ја заслужи фаворитската улога во оваа група. Но, зборовите не играат, силата треба да ја покажете на терен, а ние ќе видиме што може да направиме. Македонија има добар старт, во ваквите натпреварувања ние експертите велиме дека третиот натпревар е секогаш можеби најважен. Не сакам да се фокусирам многу на противникот, затоа што понекогаш анализите не се вистинските, може често да не изненадат. Јас секогаш сакам да го извадам најдоброто од Грузија“, изјави Сањол.