Се доживувам себе си како проект со кој се гордеам: Ане Наумовска искрена и своја за Машки магазин
Целосно искрена и своја, фитнес инструкторката Александра Ане Наумовска за Машки магазин вели дека себе си се гледа како проект. Проект на кој редовно работи и со кој се гордее. Ане активно тренитра околу 6 години, го одржува своето телото, но и својот дух.
Атрактивната фитнес инструкторка на Инстаграм ја следат повеќе од 15.000 луѓе, а таа вели дека порано многу повеќе време поминувала на социјалните мрежи, периодов таа поретко ги користи: „ До пред одреден период бев доста активна на социјалните мрежи. Се трудев да мотивирам секојдневно што повеќе луѓе, да почнат да практикуваат здрав живот. Но, во моментов се наоѓам во период на промени и социјалните мрежи за краток момент ги ставив во помирна атмосфера“, искрена е Ане.
Фитнес дамата посочува дека секојдневно добива комплименти од мажи, но неретко добивала пофални зборови за нејзиниот изглед и вложен труд во себе и од дами. Ане, за Машки магазин открива дека има и лица од посилниот пол кои знаат да бидат безобразни, но таа лесно се справувала со нив: Имало и ќе има такви луѓе, за нив, само игнорирање“, категорична е Наумовска.
Ане е вистинска убавица која е атрактивна за мажите, но и инспирација за жените. „Често добивам пораки од девојки со прашања што и како, каде. Дали се огледуваат на мене не знам, сепак тоа е начин на перцепција за живот, но дефинитвно нема простор за љубомора. Желбата и трудот прават чуда“, вели Наумовска и додава дека „себе си се доживувам како проект и нонстоп имам што да поправам. Да, за средување на една дама се потребни финансии, но можеби не толку многу, колку што повеќе е потребно време“, отворено зборува Ане.
Таа за македонските дами вели дека се згодни и тоа многу, но според неа тие се негувани се поретко, како однадвор така и одвнатре. Уредна коса, секојдневна шминка и пристоен изглед според Ане е обврска на секоја жена. А, за посилниот пол вели: „Убав маж не значи само добар изглед. За мене важни се манирите, културата, односот на еден маж кон својата партнерка, неговата амбициознос, среќна сум што имам таков до себе“, открива инструкторката.
Атрактивната македонка искрено зборува и за корекциите коишто ги има направено кај себе, „Имам направено неколку корекции бидејќи тежнеам кон перфекционизам апсолутно во се. Подржувам секој што сака да смени на себе, доколку истото му донесе поголемо лично исполнување и влијае на неговата самодоверба“.
Ја прашавме Ане дали учествувала на некој натпревар за убавина или за нај фит тело, а таа вели дека отсекогаш имала желба да се натпреварува, но сеуште не се соочила со тој нејзин голем предизвик.
Н.М.