Се отвори најголемата вертикална фарма: Со површина од над 30.000 квадратни метри
Вертикалните фарми се моќна алтернатива и решение за кризата
со земјиштето и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, тие
заштедуваат огромни количини на вода.
Иако вертикалните фарми не се нови, еднa привлече внимание бидејќи тaa е најголемата вертикална фарма во светот која е подготвена да произведе повеќе од 900.000 килограми зелен зеленчук годишно.
Фармата наречена „Бустаница“ ја изгради компанијата „Crop One Holdings“ во соработка со Emirates Flight Catering, а беше отворена во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум.
Површината на фармата е 30.658 квадратни метри.
Зеленчукот што ќе се одгледува на оваа фарма ќе биде „целосно чист“ бидејќи ќе расте без пестициди, хербициди и други хемикалии. Исто така, фармата користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните фарми, а ќе дава три тони производ дневно благодарение на употребата на машинското учење, вештачката интелигенција и анализата на податоци.
Фабриката користи затворен систем кој овозможува водата да циркулира низ растенијата со цел ефикасно да се користи. Водата испарува за време на процесот на наводнување и се рециклира во системот, што заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени фарми со исто производство.
Зелен зеленчук ќе им биде послужен на патниците во авионите на компанијата Емирати, како и на другите авиокомпании кои соработуваат со Емирати Flight Catering. Ќе се продава и во локалните продавници под брендот „Бустаница“.
Фото и Видео: Youtube