Се шеташе покрај плажата и за малку ќе згазнаше суштество од кошмарите: Погледнете ги тие зли очи и остри заби

Се брани од напаѓачите со електрични шокови произведени од силни мускули на очите

Денис Чен се шетал по плажата во Сингапур кога забележал необично суштество. Всушност, сè што видел биле лоши очи и остри заби, бидејќи остатокот од телото бил закопан во песок.

Веднаш го зел телефонот во раце и ја снимил несекојдневната сцена. За неколку дена неговото видео „собра“ повеќе од 1,3 милиони лајкови.

„Изгледа дека ужива во ведрото небо додека го чека својот плен“, напиша Чен.

View this post on Instagram

A post shared by The Untamed Paths (@untamed_paths)


Ако не сте запознаени, типот снимил риба од родот „Uranoscopidae“. Тие можат да се најдат во Атлантскиот, Индискиот и Тихиот океан, пишува „New York Post“.

Тие се отровни и имаат боцки над пекторалните перки. Некои видови имаат „кука“ која започнува од долниот лак на устата.

Ураноскопидите се бранат од напаѓачите со електрични шокови произведени од нивните силни мускули на очите.Голем број корисници биле вознемирени од откритието на брегот на Сингапур.

Извор: Telegraf.rs