Сè што треба да знаете за крвните групи: 7 фасцинантни факти што секој мора да ги прочита

Експертите велат дека крвната група кажува многу за телото на една личност. Следејќи ги некои основни упатства предложени за одредена крвна група, можеме значително да го подобриме нашето здравје

Се верува дека подобро ќе го запознаете вашето тело ако ги знаете сите детали за вашата крвна група.

1. Корисни производи:

А крвна група: вегетаријанска храна, риба, пилешко и јогурт. Избегнувајте мешунки, зачинета храна и кафе.

Б крвна група: млечни производи, јагнешко месо, риба, зеленчук и чај. Избегнувајте алкохол и конзерванси.

O крвна група: месо, риба и зеленчук. Избегнувајте млечни производи, преработена храна и прејадување.

АБ крвна група : свежи, еколошки чисти производи. Откажете се од храната приготвена со печење, храна која одзема енергија.

2. Тип на личност:

А крвна група: сочувствителна, организирана, ефективна, лидер.

Б крвна група: медитативна, флексибилна, друштвена, фокусирана на резултати..

О крвна група: практична, упорна, внимателна, чувствителна.

АБ крвна група: рационална, мирна, силна, слободоумна.

3. Реакција на стрес

А крвна група: Висок степен на приемчивост, на луѓето со оваа крвна група им треба долго време да се опорават од стресот. Обилниот внес на течности помага да се смират.

Б крвна група: Во основа мирни, но понекогаш не ги контролираат емоциите и излегуваат од такт. Лесното дишење помага да се вратат во хармонија.

О крвна група: Можни се напади на гнев, кои се наследни. Визуелизирањето на нешто пријатно помага да се врати мирот.

АБ крвна група: Добро се справуваат со стресот, многу е тешко овие луѓе да ги исфрлите од рамнотежа. Активноста и физичкиот напор помагаат да се ослободи напнатоста.

4. Масни наслаги:

А крвна група: акумулира масти од месо и производи кои содржат шеќер.

Б крвна група: слабо ја вари печената храна и лебот.

О крвна група: нередовната исхрана предизвикува таложење на вишок маснотии.

АБ крвна група: акумулира масти од неактивност.

5. Резус фактор:

Резус факторот (Rh) е вториот најважен фактор на крвната група. Може да биде позитивен и негативен.

Позитивниот резус фактор има Д-антиген, а негативниот нема. Ако идната мајка има негативен Rh фактор, а таткото е позитивен, постои ризик од бројни компликации, како што се:

хемолитична болест - распаѓање на еритроцитите; фетална еритробластоза (во случај на тешки компликации) - производство на незрели еритроцити кај фетусот;

Правилниот третман и одредени превентивни мерки помагаат да се зачува фетусот. Жената мора да прими инјекција со крвна плазма во 28-та недела од бременоста и 72 часа по породувањето за да се избегне формирање на мајчински антитела кои се пренесуваат од крвта на мајката во крвта на фетусот.

6. Компатибилност на крвни групи:

Крвната група АБ е универзален примател на крв, но може да биде дарител само за АБ групата.

Крвната група А може да добие крвна група 0 и А и да биде донатор на А и АБ групата.

Б крвната група може да добие крвна група Б и 0, а може да биде донатор за Б и АБ групата.

Крвната група О може да добие само О крвна група и е универзален дарител за сите групи.

7. Компатибилност со плазма:

Крвната група АБ може да прима само плазма од крвната група АБ и таа е универзален донатор за сите крвни групи.

Крвната група А може да прими плазма од А и АБ крвни групи, а донатор е за А и 0 крвни групи.

Б крвната група може да прими плазма од Б и АБ крвни групи, а донатор е за Б и 0 крвни групи.

Крвната група О е универзален примател на плазма и може да биде дарител само за О крвна група.


извор:stil.kurir.rs