Се соблече српската водителка: Сања Маринковиќ на 50 години е „двојно подобра и двојно помлада“ – го покажа своето извајано тело на плажа во Маурициус

Водителката Сања Маринковиќ го покажа своето извајано тело на плажа во Маурициус!

Водителката Сања Маринковиќ неодамна го прослави својот 50-ти роденден, по што ги спакува куферите и отпатува за Маурициус каде покажа дека „изгледа двојно подобро и двојно помладо“.

Сања објави слики од плажа, облечена во црн костим за капење, а покрај серијата слики и видео од нејзиното излегување од вода напиша: „Доволно е сонце за гладно срце. Секоја точка на планетата која ја краси сонце, песок, прекрасни бои, леснотијата на живеење и топло море ми даваат чувство дека животот е сепак најубавата тура што ни ја подариле со нашето раѓање“.

Следбениците во коментарите и го честитаа роденденот на водителката и ја пофалија нејзината фигура која изгледа вака благодарение на здравиот живот, правилната исхрана и редовните тренинзи кои Сања често ги споделува на социјалните мрежи.

Водителката кариерата ја започна во РТС. Сања Маринковиќ претходно во емисија на телевизија Пинк откри дека имала 22 години кога ја водела Утринската програма.

„РТС тогаш немаше шминкер, доаѓаш наутро и немаш клуч од шминкерната, сам се снаоѓаш. Нема гардеробер, нема фризер, навечер се фенирав од дома за сабајле така да изгледам, сама си правев фризура и сама се шминкав, а и денес не знам и самата да се шминкам“, изјави водителката.

Сања во истата емисија откри и дека комбинациите што ги носела во утринската програма ги шиела нејзината мајка, како и дека работела шест години „без ниту еден динар“.

„Имаше хонорари кои беа ветени, а никогаш не ми беа платени. А кога беа платени, шест години не вредеа 200 евра. 

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs